Министерството за здравство на Хамас утринава соопшти дека бројот на загинати во Појасот Газа се зголемил на „повеќе од 30.000“ од почетокот на конфликтот со Израел на 7 октомври.
„Бројот на убиените се зголеми на повеќе од 30.000“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство на палестинското движење Хамас.
Оттаму додаваат дека само ноќеска во нападите на израелските сили загинале 79 лица.