вторник, март 25, 2025
15.8 C
Skopje

Хамас го обвини Израел за сериозно прекршување на примирјето по смртоносниот напад утринава

Палестинското движење Хамас денеска го обвини Израел дека извршил сериозно прекршување на примирјето во Појасот Газа, по воздушен напад во кој утринава загинаа тројца полицајци на југот на палестинската територија.

„Перфидното бомбардирање извршено утринава од ционистички дрон источно од Рафа, насочено кон полицајци одговорни за обезбедување влез на (хуманитарна) помош, се смета за сериозно кршење на договорот за прекин на огнот“, се вели во соопштението на Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, денеска се закани дека ќе ги отвори „портите на пеколот во Појасот Газа“ доколку не бидат ослободени сите заложници.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови