сабота, април 19, 2025
11.8 C
Skopje

Хафтар ја напушти Москва без да потпише примирје

Руското министерство за надворешни работи објави дека командантот на источните либиски сили Калифа Хафтар ја напуштил Москва без да го потпише договорот за прекин на огнот, јави руската новинска агенција Тасс.

Командантот на Либиската народна војска (ЛНА) Хафтар на преговорите под покровителство од Турција и Русија во Москва побара дополнително време, до вторник, да размисли дали да го потпише договорот за прекин на огнот кој го потпиша спротивната страна – меѓународно признатата влада во Триполи предводена од Фајез ал Сераџ, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот вечер.

На официјалната Фејсбук страница на источните либиски сили, кои се обидуваат да го освојат Триполи, каде е сместено седиштето на владата на Сераџ, во вторникот е соопштено дека ЛНА е „подготвена и решена“ да постигне победа.

Преговорите во понеделникот траеја седум часа, и во нив уествуваа делегации од двата либиски табори, а присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и за одбрана Хулуси Акар и двајцата руски колеги Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу.

Немало физичка средба помеѓу шефот на владата признаена од ОН, Фајез ал Сераџ и лидерот на истокот на земјата маршалот Калифа Хафтар, како што пренесуваат руските медиуми иако двајцата биле во истата зграда, ал Сераџ одбил да се вклучи во директни разговори со Хафтар.

Непотпишувањето на договорот на преговорите со кои посредуваат Турција и Русија може да го искомплицира дипломатскиот напор за стабилизирање на ситуацијата во Либија, која е заглавена во хаос од соборувањето на Моамер Гадафи во 2011 година.

Германската канцеларка Ангела Меркел во саботата изјави дека планира да биде домаќин на самит за Либија в недела со лидерите на Турција, Русија и Италија.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови