четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

ЦИК на Азербејџан ја потврди победата на Алиев на претседателските избори

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев убедливо победи на овонеделните предвремени претседателски избори, освојувајќи 92,1 отсто од гласовите, јавува Анадолија.

Гласањето во средата беше историско, бидејќи беше првото што се одржа на целата територија на Азербејџан, вклучувајќи го и регионот Карабах, кој три децении беше под ерменска контрола.

Централната изборна комисија на Азербејџан соопшти дека пребројувањето на гласачките ливчиња е завршено и дека, според првичните резултати, Алиев освоил 92,1 отсто од гласовите.

Алиев на тој начин доби нов мандат на чело на државата, а претседател на Азербејџан е од 2003 година.

Изборите ги следеа околу 800 странски и 90.000 домашни набљудувачи од различни меѓународни организации и земји, како и домашни медиуми и околу 200 странски новинари

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови