Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кои би се заложиле за решение на конфликтот во Украина, доколку тоа го побараат, објави швајцарскиот весник „Темп“ (Le Temps).
„По самитот во Биргеншток, Украина, Русија и САД беа редовно информирани за нашата подготвеност да ги поддржиме дипломатските напори за воспоставување мир“, изјави шефот на прес-службата на швајцарското Министерство за надворешни работи, Никола Бидо.
Како што е наведено, швајцарските власти сепак нема да преземат иницијатива по ова прашање , а весникот посочува дека таа земја е само една од оние што се подготвени да бидат домаќини на средбата меѓу двајцата лидери.
На 10 јануари Трамп најави подготовки за средба со Путин.
Според него, неопходно е да се стави крај на конфликтот во Украина.
Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен да се сретне со Трамп без никакви предуслови