Продолжувањето на помошта на Украина во војната против Русија е од „егзистенцијално“ значење за Европа, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
Поддршката е „од егзистенцијална важност за Украина, тоа е јасно, но во крајна линија и за нас во Европа“, рече Шолц во говорот пред германските парламентарци во Берлин, каде се заложи во согласност со тоа да се соберат буџетски средства, особено за следната година.
По САД, Германија е земјата која обезбедува најмногу помош за Украина, вклучувајќи и испорака на оружје.
„Јасно е дека не смееме да ја ослабиме поддршката за Украина“, рече Шолц, кој инсистираше на „решавање на енергетската криза“ што уследи по руската инвазија од февруари 2022 година.