сабота, април 19, 2025
11.8 C
Skopje

Шпанските десничари побараа оставка на премиерот Санчез

 

Демонстрантите кои учествуваа на десничарските „анти-Санчез“ протести во Мадрид во саботата побараа неодложна оставка од шпанскиот премиер Педро Санчез чија Влада, според нив, е закана за демократијата и е „најлошата“ во поновата историја на Шпанија, објави „Еурактив“.

На главниот плоштад во Мадрид се собраа антивладини демонстранти, според некои информации околу 500 илјади, додека податоците на полицијата се различни со тврдење дека имало триесеттина илјади луѓе.

Под слоганот „За Шпанија, демократијата и Уставот“, демонстрантите, насобраните луѓе завиткани во национални знамиња го осудија „политичкото талкање на земјата“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови