Германскиот министер за економија Роберт Хабек се очекува да ја објави својата намера да се кандидира за канцелар од редовите на Зелените, објави германскиот магазин Шпигел, повикувајќи се на партиски извори.
Хабек вчера по 5 години се врати на платформата Х и објави кратко видео на кое се гледа како носи нараквица на која пишува „ера на канцелар“.
Германската владеајачка „семафор коалиција“, во која „Зелените“, чиј лидер е токму Хабек, од завчера веќе не постои. Откако завчера либералите на Кристијан Линднер ја напуштија владата во моментов во германската политичка јавност главна политичка тема е кога ќе се закаже гласање доверба на владата на премиерот Олаф Шолц. Канцеларот најави дека тоа ќе се случи на 15 јануари, а по извесното паѓање на владата, предвремените парламентарни избори би се одржале кон крајот на март.
Од друга страна, лидерот на демохристијанската ЦДУ, најголемата и опозициска и во моментов најпопуларната партија во земјата, Фридрих Мерц, кого сите го гледаат како иден германски канцелар, инсистира на брзи рокови- гласање доверба веќе следната недела и избори до крајот на годината.
За него одлуката на Шолц за одложување на гласањето до јануари 2025 година е „неодговорно“