четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

Штрајк на вработените во „Њујорк Тајмс“ поради неуспешни преговори за договори

Повеќе од 1.100 вработени-членови на синдикат на „Њујорк Тајмс“ денеска ќе ја прекинат работата на еден ден, откако пропаднаа преговорите со издавачот на весникот за „целосен и праведен договор“, соопшти синдикатот.

Заминувањето на тие вработени од редакцијата на еден ден е и првпат вработените во Њујорк Тајмс да учествуваат во прекин на работа од крајот на 1970-тите.

Тоа е дел од растечкото движење на работниците низ САД во кое се вклучени вработени од компании како Амазон, Старбакс и Епл, кои се организираа во обид да се спротивстават на, како што велат, нефер работната пракса.

Разговорите траеја повеќе од 12 часа доцна во вторникот и продолжија вчера, но страните останаа далеку од договор за прашањата, вклучително и зголемувањето на платите и политиката за работа од далечина.

Штрајкот ќе се одржи пред канцелариите на весникот во близина на Тајмс Сквер

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови