среда, јануари 15, 2025
-0.2 C
Skopje

Њујорк ќе ги ублажи мерките против коронавирусот најрано на 15-ти мај

Во последните 24 часа во државата Њујорк починале 367 луѓе, што гувернерот Ендрју Куомо повторно го опиша како „страшно“, но тоа е најмалиот ваков показател по повеќе од седум дена. Во Њујорк има речиси 17.000 починати.

Куомо рече дека во одредени „нискоризични“ подрачја надвор од градот Њујор на 15-ти мај би можело да бидат започнати градежните работи и производството.

„Ќе отвораме во фази. Ќе преземеме активности и ќе следиме“, појасни гувернерот.

Куомо појасни дека властите ќе ги попуштаат рестриктивните мерки на секои две седмици. Секој знак дека коронавирусот повторно се шири, ќе води кон воспоставување нови мерки. Предупреди и дека државата може да загуби сѐ што постигнала за неколку дена „доколку не бидеме претпазливи“.

Во градот Њујорк, кој е жариштетот на епидемијата во истоимената сојузна држава и има најголем број заразени и починати, „ситуацијата беше најкомпликувана“, додаде Куомо.

Градот има силни врски со другите окрузи и држави, па ќе биде неопходен покоординиран пристап на северозападот на САД. Во соседната држава Њу Џерси, уште едно од големите жаришта на епидемијата во земјата, гувернерот Фил Марфи сѐ уште не размислува за укинување на ограничувањата.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови