петок, декември 6, 2024
8.8 C
Skopje

Џоана: Нуклеарната закана на Путин претставува психолошко заплашување

Заменик – генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана изјави денеска дека нуклеарната закана на рускиот претседател Владимир Путин претставува „психолошко заплашување“.

„Тоа е психолошко заплашување. Не станува збор за вистински намери“, рече Џоана во интервју за „Ел Паис“, коментирајќи ја изјавата на Путин дека постои закана од „нуклеарен конфликт“ доколку Западот распореди свои војници во Украина.

Тој додаде дека НАТО во моментов не гледа никаква непосредна закана од тоа дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје.

„Меѓутоа, таквите изјави сами по себе се многу опасни бидејќи ја нарушуваат довербата. Русија ги разбира последиците од преземањето на таков чекор“, изјави заменик – генералниот секретар на НАТО.

Тој рече дека Алијансата ќе продолжи да ја поддржува Украина, но и да избегнува ескалација со Русија.

Коментирајќи ги предлозите за испраќање западни војници на територијата на Украина, Џоана истакна дека НАТО го почитува правото на сојузниците да презентираат нови идеи, но посочи дека Алијансата „нема намера, ниту планира“ да распореди војници во Украина.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови