Tајладнскиот премиер ги испрска новинарите со средство за дезинфекција поради поставено прашање

9

Тајладскиот премиер, Прајут Чан-оча, предизвика уште еден во серијата негови скандали со медиумите, овој пат демонстрирајќи необичен начин на избегнување на новинарско прашање, прскајќи ги новинарите со средство за дезинфекција.

За време на директен пренос на телевизијата од негова прес конферденција, на прашање на еден новинар за реконструкција на неговата влада, премиерот Чан-Оча зеде спреј за дезинфекција и почна да прска по новинарите, кои го снимаа со своите телефони.

Чан-оча е генерал во пензија, кој на премиерската функција е од воениот удар во 2014 година и досега веќе имаше повеќе свои контроверзни испади на прес-конференциите.

Во минатото, тој беше снимен како тапка новинар по главата и го влече за уво, а еднаш на прес конференција донесе своја „картонска реплика“ за да „одговори“ на прашањата, пренесува Би-Би-Си.