Tони Трајковски утре ќе биде спроведен со стражар , откако и денеска не се појави на судењето за ТНТ

6

Тони Трајковски утре ќе биде спроведен во кривичниот суд со стражар, бидејќи денеска не се појави на почетокот од судењето за ТНТ.

Адвокатот Ставревски рече дека не добил покана, а судијата Ставрев му одговори дека бил уредно поканет бидејќи вчера судскиот курир дошол на врата каде пријавил адреса на живеење, но никој не му отворил.

Денеска судењето за незаконското рушење на комплексот Космос, на Фијат Цаноски, требаше да почне отпочеток, откако вчера судијата поротник Лилјана Ивановска Кочковска поднесе неотповиклива оставка.

Судијата Огнен Ставрев ја повика одбраната да ја почне постапката одново, но само со читање на досега изведените материјали.

За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.