Tатко силувал ќерка со години, му родила шест деца, а потоа напастувал и едно од нив!

26

Монструмот е обвинет за 36 силувања, а на судењето сè негирал. Обвинителите рекле дека на своите ќерки им го испрал мозокот, за да може да манипулира со нив.

Маж во Југоза­па­ден Велс е обвинет за силување на ќерката, со која добил шест деца, како и за силување и сексуално злоставување на уште едно дете. Монструмот е обвинет за 36 силувања, а на судењето сè негирал. Обвинителите рекле дека на своите ќерки им го испрал мозокот, за да може да манипулира со нив.

Тој им соз­да­л „ла­жен свет“, преп­ра­вај­ќи се де­ка е мис­тик за да мо­же да ги ма­ни­пу­ли­ра и сек­су­ал­но да ги ис­ко­ристи. Об­ви­ни­те­лот из­ја­ви де­ка об­ви­не­ти­от ја ко­рис­тел сво­ја­та кон­тро­ла врз ќер­ки­те за­ра­ди сек­су­ал­но за­до­вол­ство и де­ка „го пра­вел тоа што са­кал“ со нив.

– Нив­на­та вол­ја е сов­ла­да­на и как­ва би­ло сог­лас­ност не е вис­тин­ска сог­лас­ност, ту­ку обич­на сог­лас­ност за лаж­ни­от свет што го соз­да­дал об­ви­не­ти­от – из­ја­ви об­ви­ни­те­лот.
Пок­рај тоа што ги си­лу­вал сво­и­те деца, тој на­вод­но по­ви­ку­вал и дру­ги ма­жи да го пра­ват тоа. Об­ви­ни­тел­ство­то до­да­ло де­ка пред по­ро­та­та ќе из­ле­зе со ДНК-тест што до­ка­жу­ва де­ка ма­жот бил тат­ко на нај­мал­ку шест де­ца на не­го­ва­та ќерка, ко­ја има­ла са­мо 16 го­ди­ни за вре­ме на прва­та бре­ме­ност.

Ро­чиш­те­то про­дол­жува, а це­ло­то су­де­ње се оче­ку­ва да трае три не­дели.