Tридневна жалост во Либан: Загинаа најмалку 135 луѓе, повредени 5.000, без дом 300.000

26

Во старотната експлозија во Бејрут, главниот град на Либан, загинаа 135 луѓе, соопшти синоќа министерот за здравство Хамад Хасан. Повредени се околу 5.000 луѓе, а без дом останале 300.000 граѓани. Премиерот Хасан Дијаб прогласи тридневна жалост во земјата.

Пожарот во складиштето со оружје во пристаништето Бејрут предизвика силна експлозија вчера, а како последица на детонацијата предизвикана е значителна штета на многу објекти и возила.

Претседателот на Либан Мишел Аун, смета дека амонијак-нитрат е причина на експлозијата што доведе до рушење на трикатна зграда, а експлозијата се слушна во многу делови од градот.

Врховниот совет за одбрана на Либан, го прогласи Бејрут за град погоден од катастрофа, а воведена е вонредна состојба во градот во траење од две недели.

Вчерашната експлозија ја продлабочи тешката состојба во земјата, која веќе со месеци се соочува со економска криза и политичка поларизација.