Tурција ја почна воената операција во Сирија

6

Турската војска го почна својот упад во североисточна Сирија, потврди претседателот Реџеп Таип Ердоган, што би можело да доведе до директен судир со курдските сили, кои досега важеа за сојузник на САД.

Анкара вели дека сака да креира сигурна зона во пограничниот регион, од каде што планира да ги избрка курдските борци, кои ги смета за терористи.

САД ги повлече своите сили од тој регион, но Доналд Трамп се закани дека Турција ќе сноси економски последици доколку претера со својата интервенција. Курдите беа главен сојузник на САД во борбите кои доведоа до поразот на Исламска држава и тие потегот на Трамп го опишаа како „забивање нож во грб“.