„The Weeknd“ направи спектакл на „Super Bowl“: Потроши 7 милиони долари за 14 минути

16

Шоуто за полувремето на „Super Bowl“ традиционално како и секоја година се основа на голем музички спектакл.

За прв пат во 55-годишната историја на играта настапи пејач од Канада. Овојпат „The Weeknd“ ја имаше честа да настапи на полувремето и тој во голема мера беше принуден да настапи од трибините, наместо од теренот, во согласност со строгите протоколи предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

„The Weeknd“ имаше 14 минутен настап на полупразниот стадион кој го искористи максимално играјќи и пеејќи со својот маскиран хор.

Пејачот вети „кинематско искуство“, и навистина, смело, а на моменти со помали технички проблеми со микрофонот, пејачот демонстираше импресивен вокал и издржливост пеејќи ги своите најголеми хитови.

Прочитајте и… Дневен хороскоп за 8 февруари: Купидон силно ќе ве погоди со љубовната стрела кога не очекувате
Заради неопходната цензура што организаторите ја побараа од пејачот, неговите песни во кои се спомнуваат наркотици, секс и пцовки, беа хаотична мешавина од песни за кокаин каде што всушност не се споменува кокаин.

Настапот на полуфиналето на, веројатно, најголемиот спортски настан во Америка, е прашање на престиж и популарност, а оваа година по настапот на мистериозниот музичар „The Weeknd“, мислењата на критичарите беа поделени.

Во текот на 2020 година, кога пандемијата на коронавирусите го зафати светот, пејачот ги наполни насловните страници на таблоидите, најпрво појавувајќи се со крваво лице, па завиткан во завои, а неодамна ги шокираше сите со наводната пластична операција на лицето – за потоа сите да сфатат дека сето тоа е во знак на уметноста.

Врв на сето тоа беше овој многу очекуван перформанс, за кој многумина велат дека не ги исполни очекувањата и дека не беше успешен како настапите од минатите години, иако „The Weeknd“ вложил дури 7 милиони американски долари од сопствениот буџет во целиот настап.

Наследникот на Принц и Мајкл Џексон, како што многумина го нарекуваат, ги покажа неговите гласовни способности, но сега, повеќе се пишува за необичните моменти за време на шоуто, што го направи хит на Интернет.

Но, настрана од сите коментари, „The Weeknd“ ја заврши својата работа и ако неговата цел била некако да се подигне расположението на гледачите за време на пандемија тогаш, неговата мисија е завршена.