Полицијата извадила свештеник на Српската православна црква (СПЦ) од продавницата Лидл во Инѓија бидејќи упорно одбивал да плати за робата што ја одбрал, објави локалниот портал Инмедија.
— ScepanCar (@ScepanCar) March 30, 2022
Според очевидци, тоа се случило во понеделникот, на 28 март, во вечерните часови, кога свештеникот ги убедувал продавачите да не му наплаќаат за робата што ја земал и да му ја однесат во автомобилот.
Откако персоналот долго време одбивал да го стори тоа, свештеникот седнал на подот и протестирал, а вработените повикале полиција, која го извадила од продавницата, наведува Инмедија.
„Ова е трагично: свештеник во мантија со крст околу вратот за време на постот, видно пијан, седи на под и бара да му ја дадат стоката што ја зел и не сака да плати“, вели една жена што го видела.