‘‘YALAN DUNYA”  ЛАЖЕН СВЕТ И БОШ БЕРИЌЕТ

351

 

Живееме во општество во кое единствената сопствена афирмација се гради врз основа на негација на другиот. На пример, кога идеш на интервју за работа, не му викаш на тој ‘‘ земи ме мене зошто јас сум добар‘‘,.. туку му викаш ‘‘ не го зимај тој зашто тој е катастрофа од човек‘‘.

Пишува: Агим Јонуз

 

Турците викаат “ abi, bu yalan dunya dir”! Во превод, значи ‘‘братче овој свет е лажен‘‘! Не се сеќавам дека во животот сум минувал низ некоја апатија како во овој период. По секоја цена барам да најдам некаква светла точка во социјалната комуникација во која кога ке погледнеш на прв поглед се изгледа перфектно и ‘‘мазно‘‘!  Во суштина сликата е толку лажна, што ако ја погледаш со реална диоптрија, или ке се расплачеш, или ке ти се качи притосок, или полека ама сигурно ке добиеш ‘‘шеќерна болест‘‘ . Се е на сила, се е лага, се е калкулација и со некакви задни намери. Сите се со некаква лажна насмевка, зад која стојат остри заби како на ајкула. Во суштина, секој секого мрази, а сите изиграваат некакви браќа.  Човекот стана волк во права смисла. Да го прашаш зошто ни сам не знае. Битно е, нема да ти одговори на ниедно прашање за некого,  а да не употреби некоја дисквалификација или неубав збор. Ние сме нација во која најубаво одсликување е онаа народната ‘‘ до пладне се мрази сам себе си, попладне го мрази целиот свет‘‘. Омразата стана дел од нашата душа. А, знаете ли зашто е тоа така? Затоа што се мразиме самите себе си. Затоа што сме свесни во суштина дека сите до еден сме лузери во оваа држава. А, човек што не се сака самиот себе си не може да те сака тебе.

Живееме во општество во кое единствената сопствена афирмација се гради врз основа на негација на другиот. На пример, кога идеш на интервју за работа, не му викаш на тој ‘‘ земи ме мене зошто јас сум добар‘‘,.. туку му викаш ‘‘ не го зимај тој зашто тој е катастрофа од човек‘‘. И без разлика дали го познаваш, битно е да кажеш дека тој е гомно, а ти си злато. И така, тој вид на афирмација е дефинитивно функционален во наши услови. И тоа на сите нивоа во општеството.  Ајде да анализираме на кои све нивоа се чувствува негативната енергија, омразата, човечката дисквалификација и негација во скојдневието. Ова е сиромашен, искомплексиран и мизерен народ во делот на менталниот склоп. ‘‘Бла,..бла‘‘ разговорите, оговарањето и пуштањето на паушални муабети меѓу луѓето е секојдневие. Секој за секого знае се, само вистината не ја знае. Јас на пример, за себе немам слушнато уште само дека сум сериски убиец. Се друго имам чуено. Курвар, пијаница, преварант, педер, лажов, шпиун, а бе се живо. И тоа муабетите се пуштаат од луѓе за кои никогаш не би верувал дека може така да зборат. Дел од нив се блиски луѓе, колку да ја потврдат онаа народната изрека дека каменот паѓа од блиску. Аллах на помош!

Ова е земја во која најголем грев е успехот. Било чиј. Тоа е затоа што најголемиот дел од луѓето се на дното на достоинствениот живот и социјален статус.Природна фрустрација е тоа. Глумењето дека се е во ред меѓу луѓето создаде големо лицемерие, хипокризија во која се создаде еден лажен лик на насмејан човек зад чија насмевка лежи отров. Ако земеме реално да размислуваме што е тоа што ги тера луѓето да бидат негативни, има два елемента. Едниот е генетски, а другиот социјален. Социјалниот елемент вели дека општеството создавајки обратен систем на вреднување, во прв план стави поединци кои во нормални услови би биле далеку од она што се. Многу видни луѓе во некоја нормална држава не би биле примени на работа ниту како чувари на магацин. Така, реалната вредност што се категоризира во здрави општества во вид на интелектуалци, професори, доктори, инжињери и многу писмени луѓе остана во сенка на криминалот, корупцијата, на многу социопатии. Ова е време на пари. Имаш пари – добар си,.. немаш пари – не те бива за ништо.

Македонците се мразат себе си откога постојат. Ако македонецот нема кого да мрази, ке се мрази самиот себе си. Тоа е хоби кое е прејдено во генетскиот код. Одсекогаш некој ги газел, угнетувал, поробувал, да не кажам дупел па ги растурал.  Никаде не пишува дека во тој народ имало некогаш кохерентност, заедништво и разбирање. На сите нивоа. Не за џабе се влече низ историјата информацијата  дека во секоја втора куќа брат со брат не збори. фамилии меѓу себе очи си копаат.  Ако треба  нешто да направат заедно со здружени сили може ‘‘да се носат у курац‘‘ што би рекол народ. Битно, ‘‘кубурата на појас за лоши денови‘‘ стои. Во ниедна нација нема име ‘‘Трпе‘‘, ( демек трпи се), Спасе ( се спасил), и тн. Нема пишана историја од областа на народното творештво во кое нема употребена фраза ‘‘ клетите шпиуни‘‘. Зошто некој би бил низ историјата карактеризиран како ‘‘ клет шпиун‘‘. Значи, нешто не било во ред, некој сакал да му ископа гроб на блискиот. Да му цркне козата на комшијата е народна фраза која потекнува од овие простори. Зошто да му цркне? Е ајде де! За ќеф!

Албанците ако се фалат дека се подобри, тоа ке биде одличен виц. Иста приказна  е тоа, само со различен фолклор. Ние сме едно исто поднебје, една иста популација. Иста вода пиеме, ист воздух дишеме. Кај албанците покрај сето ова наведено горе за македонците може да се додадат и два феномена плус. Чалам и љубомора. Чаламот е страшен феномен кој подразбира создавање слика на успех а која е се поставува прашање дефиницијата за успех е друга песна.  Пари, се е во парите. Кај албанците најголемата хипокризија е тоа што и покрај мега експанзијата на духовност, религиозност и ‘‘во име на Аллах‘‘, единствениот критериум за успешност е материјалното. Парите!  Следејки го генетскиот код, рефлекс на чаламот е љубомората и стремежот да се уништи се што е ‘‘изнад тебе‘‘!  И политиката, и Аллах, и бизнисот, а на крајот и елементарниот човечки кодекс се ставија во иста вреќа. Се измешаа многу работи. Со отварањето на државата во делот на демократијата., секој еден што знае да чита и пишува влезе во јавниот живот. Секој еден што продаде ниви на село и дојде во Скопје, направи огромна куќа ( обавезно со два столба на врата) за да се види колку има пари, а покрај инвестирање во некаков бизнис, првата обврска е ако може да изгради една мала џамија за да му остане името. Главната максима на оваа категорија луѓе е прашањето ‘‘ знаеш ли ти кој сум јас бе‘‘!!! Сето тоа е право на било кој, ама нема секој пари, бизнис,можност. И, така чаламот се преплетува со љубомората, а таа е отров. Отровот е храна за огромен дел од оние кои се колнат во Аллах и секоја ‘‘Џума‘‘ одат обавезно во џамија за да бидат видени, а зад кои се влече еден цел воз од гревови.

Секој секого мрази, понекогаш и како самоодбрана. Во време на преваранти и лажни човечки големини, човекот станува волк дури и кога е меѓу јагниња, размислувајки само за себе. Правилото ‘‘ гледај тебе да ти е добро‘‘  ја дехуманизира комплетно комуникацијата на позитивна енергија.  Тоа што еден голем дел се повикува на религијата и на некакви надчовечки закони се само приказни за мали деца. Се е маска. Далеку од тоа дека јас не мислам дека постојат вистински верници и добри луѓе, ама тука збориме за една огромна бројка. Секоја чест и респект кон поединци, мала група. Се останато е филм. Гарантирам дека кога господ би селектирал кој смее да влезе во храмовите, на клоци би избркал пола цркви и џамии. Ама ете, не ги дига на клоци, па нели знаеме дека Господ/Аллах токму поради тоа е голем.

Нејсе да се вратиме на феноменот на омразата. Има една работа која е страшно комерцијална а врзана за омразата. Омразата е профит. Како? Ако се водиме по онаа старата латинска изрека  Devide et impera” – раздели па владеј, ке видиме дена кај нас тоа е доведено до совршенство.  Разделени сме до ниво на ренесанса на омразата. Додуша, на цел Балкан е така, ама кај нас е во нај брутална форма. Да се фокусираме на Македонија. Мултикултурализмот, мулти конфесионалноста, мултинационалноста, и се нешто што не разликува доведе до поделености кои создаваат полиња на омраза токму обратно пропорционално на тоа што треба да биде. Богатство. На сите нивоа поделеноста создаде контрасти кому некому носат профит. Не се секирајте, оние ‘‘ горе ‘‘ што водат со тие разединетости и антагонизми живеат страшно комотно и се сакаат. Ма, и ти е не се сакаат ама се толерираат за да останат во кругот на ‘‘големите‘‘. Арно ама, семето што се сее во долните слоеви е контагиозно и карциногено. Она што е најстрашно, генерациската хиерархија најмногу допринесува за тоа. Ако дедото бил ултранационалист, синот негов е само следбеник, а на третото колено тоа му е влезено во гените.  Тоа е по прашање на национализмот, а антагонизмите и поделеноста  е раширена на буквално сите полиња. Социјално, економско, политичко, расно, религиско, на сите.

Велат ‘‘љубовта и омразата се брат и сестра‘‘. Арно ама љубовта како таква изумира. Далеку од тоа дека ја нема, ама таа постои само во оние места каде што постојат вредностите на нематеријалното.  На реалното воспситување кое е изгубено во најголем дел. Љубовта остана во песните. Љубовта остана феномен на апстракција, а не практичност. На кого му е до љубовта веќе. Се е пари, интерес, бенефиции, привилегии. Умре човекот во нас.  Умре душата. Дури, се повеќе и повеќе се спомнува како иронија онаа фраза која вели ‘‘ љубовта ја измислиле комунистите за да имаат оправдување за секс‘‘! Кому е потребна веќе љубовта? Барем онаа меѓучовечката. Од човекот почна ‘‘да истекува дното‘‘. Заедно со дното на општеството, политиката, социјалата, на се она што го убива човекот во поим. Со згазено елементарно достоинство, со празни џепови, со деца кои растат во несреќно детство, неизвестост, со безнадежност и очај. Омразата стана рефлекс кој претендира да биде вроден, како наследна болест. Не е страшна онаа фраза ‘‘до пладне се мрази себе си, од пладне го мрази светот‘‘. Страшен е податокот дека почнавме да не се сакаме ни себе си затоа што сме лузери, бедни и мизерни кои знаат дека нештата може да бидат и поинакви, ама ние не знаеме како, зашто сме родени несреќници. Родени лузери.

ООО ЏЕМААТ не се секирај, вака или онака ‘‘ Бутел‘‘ не ти бега. Не си без ништо. Ама, немој да брзаш кон таму. Два кубика земја ти се гарантирани. И од Бога и од државата. Гледај да оставиш нешто зад себе што не се мери со пари, со позиција, со чалам, со лага! Јас не сум ‘‘ хафиз‘‘ ( мкд. Свештеник)! И јас имам и гревови и чалам и љубов и омраза. Ама, имам и разум да размислувам. СИКАНАНИ ДОМА! А, ако мислиш дека оваа колумна е апатична, депресивна и мрачна, тогаш ништо не си разбрал. СИКТЕР У ПИЧКУ ЛЕПУ МАТЕРИНУ!

( Апсолутен респект кон реални верници и постари луѓе, јазикот е фигуративен / Авторот)

Авторот е редовен колумнист во весникот „Коха“