Австралија му ја укина визата на Ѓоковиќ и сака да го депортира!

2

За најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема крај на проблемите затоа што повторно остана без виза, откако таква одлука донесе министерот Алекс Хок.

Ждрепката за Австралијан опен беше извршена во четвртокот и српскиот тенисер веќе го дозна првиот противник, но има голема шанса да не заигра.

Хок го искористи неговото право да ја поништи визата на Ѓоковиќ во рамки на правилникот, откако претходно адвокатот на Владата најави дека може да се случи такво нешто.

Судијата Ентони Кели ја предупреди Владата да не го прави тоа, но министерот повлече таков потег, па сега Ѓоковиќ мора да ја продолжи правната битка против австралиските власти.

Најверојатно ќе биде поднесена нова жалба на правниот тим на српскиот ас, по што ќе видиме дали Србинот ќе добие нова дозвола за да остане во Австралија.