ЗОШТО НА МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ ДА И СЕ СЛУЧИ НАРОД?!

3,250

И на крај пак ке поставиме балано прашање кое нема барем за сега одговор. Како ли сите нив ‘‘и турско и каурско‘‘ обединети како народна маса да ги извадиш на улица и да се случи ‘‘народ‘‘! Поделени се по сите основи. Политичарите може слободно да си спијат зашто нема начин, нема кој и нема единство на овој народ да излезе обединет на улица и да ги отера политичарите у Пичку Лепу Материну!!! А не да има потреба, па не у една, туку у ТРИ пичке лепе материне!

 

Од Агим ЈОНУЗ

За да и се деси на една држава народ, треба да има народ. Ние немаме народ. Ние имаме едно големо стадо кое по сите основи е поделено меѓу пастири кои одлучуваат која трева ке се пасе, на кој поток ќе се пие вода и која овца колку ке блее. Македонија е по многу нешта специфична земја. Една од специфичностите е податокот кој вели дека што и да се случи, ниту половина од народот нема да се обедини во некаква ситуација, а камо ли повеќе од пола.  Македонија нема здрава нација. Нема изградено никаква, ако се водиме од поентата дека внатре сите ‘‘се македонци, граѓани на Р.С.М.‘‘! За да имаш народ на кој можеш како држава да се потпреш, треба да имаш народ кој носи емоција кон државата. Без разлика како државата се вика и за која држава збориме, ако ти не ја чувствуваш државата како свој дом, како мајка, како дел од себе, се останато е осудено или на пропаст, или на забот на времето да ја изеде државата како најобична краставица. Е, тука имаме многу елементи за кои треба да правиме муабет. Кој ја сака Македонија. Никој! Па чак ни македонците, зошто ако ја сакаа онака реално и од срце, чесно, без калкулации и лични интереси, до сега македонската политичка сцена ке имаше сосема поинаква слика. Обединет македонски патриотски корпус, па каков и да е! Слика во која немаше да разговараме за Македонци кои се делат на предавници и патриоти, на леви-десни ниту на ‘‘комуњари и ВМРО-вци‘‘, туку ке имавме една маса која навистина името ‘‘Македонија‘‘ која е спомнувано и во библијата, ке го носеа како реликвија не само во срцето, туку и во односот кон државата како дом. Зошто го зборувам сево ова. Многу просто. Кога една држава е во криза, кога е незадоволна од политиката и односите на релација држава-народ, кога гледа дека се пропаѓа, народот се буни. Прави бунтови, револуции, менува влади, ‘‘дига се на клоци‘‘ ! Во Македонија имаме страшно специфична ситуација по тоа прашање. Овде сите се бунат, а никој во суштина нема ниту намера, ниту сила, а богами ниту ‘‘газ‘‘ да направи нешто по радикално од најобична псофка у кафана, ‘‘ дати ебам државата‘‘! И се завршува на таа најобична псофка.

Ајде да видиме кои се причините зошто на Македонија никогаш не може да и се случи ‘‘ народ‘‘, или подобро речено, зошто во Македонија нема критична маса која ке излезе на улица и ке рече ‘‘ доста е ова, не може веќе вака‘‘. Единствената форма која може да речеме дека барем малку личеше на ‘‘ се случува народ‘‘ беше шарената револуција. Јас не можам да верувам дека лично потрошив толку енергија и време да ја подржувам. Испадна ‘‘шарена лага‘‘, наместо револуција. Зоран Заев во тоа време максимално ја злоупотреби вољата на еден огромен дел од народот обединето да направи сериозен модел на ‘‘Македонија дом и општество за сите‘‘. Испадна на крај Македонија за СДСМ и ДУИ. Народот кој покажа дефинитивно воља за ‘‘ајде заедно‘‘ си отиде дома ‘‘како помочан‘‘ на крај. Лично сметам дека после шарената револуција никогаш нема да можеме да видиме толку обединет народ на улиците на Скопје кое за прв пат измеша и бајраци, и насмевки и добра воља да се смени нешто. Нејсе. Еве, ја запишуваме шарената револуција како ‘‘ мртво родено‘‘ бебе. Трагично, а шансата на сите им беше пред носот. За општо државно народно заедништво. Политичката сцена после шарената револуција донесе само уште поголема биполарност на релација позиција – опозиција, а со тоа уште поголема разделеност меѓу народот. На веќе постоечката, се додадоа и оние разочарани од се. Нејсе животот и понатаму си течеше, ама еден елемент се закопа уште по длабоко во подсвеста на народот, а тоа е податокот кој вели ‘‘ кому да веруваме дека може да не обедини повторно‘‘? Никому! Падна во вода една можност сеопштата популација да почувствува дека е народ кој може со својата бунтовност нешто да смени, да корегира, да направи некаков напредок во мултиетничкиот амбиент во Македонија кој може да излезе на улица и да бара промени во државата. И така, и шарената револуција, и амбиентот на заедништво, и се она во што се надеваше народ едноставно, ‘‘отиде у пичку, лепу материну‘‘! Социјално уништениот народ, безизлезот и очајот е доведен до крај. Дното дури остана над главата посматрајки од позиција на каде сме ние. Ние сме испод дното. И покрај сето тоа, немаме критична маса која ке се бунтува и која ке бара решенија и излези во вид на некаква револуционерност. Никој не бара ‘‘пушка и крв по улици‘‘. Никому тоа не треба. Ама, треба ‘‘глас на народот‘‘. Е, тоа е повторно неизводливо. Зошто!? Еве зошто.

Од самиот почеток откога Македонија стана независна и самостална, уште утредента се инсталира латинската синтагма “Devide et impera”, што во превод значи раздели па владеј. Разделеноста и владеењето одсекогаш биле модел по кој функционирале многу општества и демократии, ама никаде не може да се забележи толкава неодговорност по прашањето на интересите на ‘‘Pro Patria‘‘ ( за татковината). Во апсолутно неизживеан политички свет во кој примарна цел е да се владее по секоја цена, на нај брутален начин се фрли во сенка градењето на здрава нација која подразбира политички поделен, но државно единствен народ. Поделени по етноцентристички систем на ‘‘политикување‘‘, се стави во сенка чувството на ‘‘Македонија е мој дом‘‘. Синтагмата ‘‘ Pro Patria vitam damus‘‘ беше и остана само фолклор во поедини ултранационалистички кругови, кој во секојдневното практикување на политиката покажа и докажа дека е само фолклор кој е евтин кога некој од надвор ке притисне. За тоа најдобар пример е меѓународната заедница. Ни таа не е виновна ако се земе предвид дека ние сме еден од нај не единствените народи на планетава. Си нашла ‘‘село без кучиња‘‘, па си игра да извините ‘‘ курташак‘‘ со нас како сака. А ние како сомови скокаме на секоја удица, поготово на приказната наречена ‘‘Евроинтеграции‘‘, затоа што се повеќе станува јасно дека единствен начин да не се распадне оваа дрѓава е да влеземе во тој систем кој сам по себе ќе не води, а ние како овци ке си блееме.

Да и се вратиме на поентата во колумнава и да го поставиме експлицитно прашањето зошто на Македонија не може да и се случи народ. Јас ова прашање го поставувам пред се мислејки на социјалата, на незадоволството од егзистенционалниот карактер и на дното на човечкиот достоинствен живот. За дисфункционалноста на државата во некоја друга колумна. На секојдневие во кое секој еден граѓанин па бил тој ‘‘ Турчин или Каурин‘‘ доживува најдлабоко дно! Па, нема народ кој во една држава би го преживувал сето ова, а да не излезе на улица. Ете ја поентата. Кој да го извади народот на улица? Против кого? Кој народ да го извади? Албанците, Македонците, сите заедно или ?…. Поделеноста на народот е доведен до перфекција. Данокот што го плаќа на таа поделеност е голем, но е секако помал од интересите на круговите на кои тој поделен народ му припаѓа. Најопоасен елемент во таа поделеност е етноцентристичкиот момент на практикување на секојдневието. Се создадоа два различни света кои во ‘‘брак од интерес‘‘ а тоа е опстојувањето на државава во евроинтегративниот процес чинат се да функционираат нештата, ама под услов ако на некој не му се доаѓа нешто, одма да прети со дестабилизација. Албанската страна во тоа стана експерт. Во превод, тоа би звучело како ‘‘ еве бе, правиме заедно држава, ама ако нешто мене не ми се свиѓа, ќе ти ебам и државата и мамата. Е, како очекуваш барабар со македонците да се излезе на улица и да му направиш на политичкиот свет ‘‘ еве, се случува народ‘‘. На уште по ниско ниво, меѓу народот, политичките партии на албанците функционираат по системот на ‘‘ задолжување‘‘ или народски речено ‘‘ Борџ кон партијата‘‘! Кој е тој што смее да се буни по улица ако некој го запослил, му дал некој денар од црните фондови, му спасил брат од затвор и триста други далавери? И така, колку политички партии има, толку има и ново создадени ‘‘ приватни партиски војски‘‘ кој во секој момент може да излезат на улица, ама тоа секако нема да биде ‘‘ се случува народ‘‘. Суштината не е во тоа една група колку и да е голема да излезе по улици, туку таа група да биде измешана од различни партиски војски, националности, религии и се што ги разликува, додека само една работи ги спојува. А тоа е гладот, очајот, разочараноста, неперспективноста и социјалниот мрак.

Македонците се трагедија сама по себе. Албанците се барем меѓу себе си единствени кога е во прашање етно кохерентноста. Колку и да се разединети, ако е во прашање ‘‘албанштината‘‘ ( Shqiptaria), проверено може да се собере единствено на едно купче. Македонците – не! Е, сега воопшто не е во прашање како што реков “Shqiptaria”, туку празниот стомак. Но сепак, можеш да го собереш. Македонците со својата поделеност не оставаат простор за формирање на една маса која нема да прашува на улица дали си ВМРО или си СДСМ. Закрвеноста, поделеноста по основ на многу прашања е преголема. Бруталната битка меѓу двете најголеми политички македонски партии создаде непремостив јаз меѓу македонскиот народ. Тој уште долго ќе трае. А, ако бидеме искрени, кој народ би очекувале да излезе заедно на улица и да се буни по социјални прашања, додека трае битката на двете партии кои функционираат по систем на племиња со свои индијанци по улици. Кого да бутаат, а трета политичка, граѓанска опција едноставно нема, ниту во догледно време некој ќе дозволи да има.

И на крај пак ке поставиме балано прашање кое нема барем за сега одговор. Како ли сите нив ‘‘и турско и каурско‘‘ обединети како народна маса да ги извадиш на улица и да се случи ‘‘народ‘‘! Поделени се по сите основи. Политичарите може слободно да си спијат зашто нема начин, нема кој и нема единство на овој народ да излезе обединет на улица и да ги отера политичарите у Пичку Лепу Материну!!! А не да има потреба, па не у една, туку у ТРИ пичке лепе материне!

ООО ЏЕМААТ! Бива ли бре да си толку мизерен и глуп да гледаш дека политиката ‘‘ем те тепа ем те ебе‘‘. А ти уште одозгора на тоа викаш ‘‘ фалаа‘‘! Не можам да те разберам. И што заслужуваш? И ова ти е малку! Туку не разбирам дали повеќе уживаш во тепањето или во ебењето! Секако, во мозок! СИКТЕР ДОМА ‘‘ЈЕБО ТЕ МОЈ АМИЏА ИЗ САРАЈЕВА‘‘!

П.С. Во текстот фразата ‘‘ ооо џемаат‘‘ е фигуративна, респект и почит кон реални верници и постари лица. ( белешка на авторот)

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)