ИНКВИЗИЦИЈА

113

Од Агим ЈОНУЗ
Во Македонија е многу тешко да се биде во бизнисот, а во меѓувреме ‘‘да не се припаѓа никому‘‘. Во тотално партизирана држава во која политиката стопроцентно го контролира бизнисот, најтешката задача на успешните бизнисмени од разни сфери е да бидат и да останат ‘‘неконтаминирани‘‘ со политичко влијание, а покрај тоа да бидат комерцијално успешни и да служат за пример. Во таа борба за ‘‘европски‘‘ модел на функционирање во кој законот на работењето е висока професионалност и доследност, бизнис конкуренцијата која е поврзана за политичкиот ‘‘микро универзум‘‘ не бира начин и средства да им застанат на пат на успешните ( читај независните ) кои никому не полагаат сметка за своето функционирање. Така доаѓа до разни конструкции, ‘‘намештаљки‘‘ и задкулисни игри во кои единствената цел е да се уништат успешните, или евентуално да им се обезвредни работата за да може да им паднат во раце на конкуренцијата ‘‘за ич пари‘‘. Тоа е безпоштедна битка во која ‘‘ правило е дека нема правила‘‘ секако со помош на политиката која подразбира контрола на институциите на системот. Па, не ти помага у таа работа ни Исус, ни Мухамед ни Буда, затоа што не се ниту партиски типови, ниту мафијаши, а богами не се ни на платен список некому!

Деновиве се одвива по многу нешта многу специфично судење врзно за Др. Жан Митрев и неговата клиника. Имено, сопственикот и воедно водечкиот кардиохирург Др. Жан Митрев е пред време осуден дека наводно за време на КОВИД кризата ја злоупотребувал методата на Хемофилтрација во лечењето на пациентите наначин што (наводно) на семејствата на заболените ја представувал таа метода како лек против КОВИД, истовремено наплатувајки им големи суми на пари за таа услуга. Покрај тоа, се наведува дека таа метода на лечење ја употребувал и за клинички испитувања без да има дозвола за тоа, и без да соработува со надлешните институции. Никој не наведува каков е историјатот за тоа ‘‘како на кардиохирургијата се лечеле болни од КОВИД‘‘ и каков е историјатот на сето тоа. Фактите говорат дека со одлука на владата на Македонија приватните потенцијали со своите интервентни и интензивни капацитети се ставаат во функција на лечење на пандемијата. За тоа требаше на крај да се потруди и да преземе мерки фондот за зфдравствено осигурување, кое никогаш (така велат) не преземал такви чекори и не плаќал на крај ништо. Во клиника кој работи по принцип на финанскиста самоодрживост, никој не прашал,  ниту сеуште велат прашува ‘‘ а , колку кошта сето тоа‘‘! Нејсе! Така, клиниката морала да си се погрижи да си ги наплати услугите кои сами по себе имаат свои трошоци, материјали и се што работењето носи само по себе. И што се случува на краот од приказната!? Некој максимално се потрудил да создаде амбиент и приказна дека клиниката (читај Жан Митрев) се погрижил максимално да ја искористи ситуацијата и да профитира дебело врз маката на болните и пациентите кои се борат за живот. Амбиентот кој е создаден максимално го користи трета страна за да викне во етерот ‘‘држите го крадецот‘‘. Преварант!  Тоа не доведува до прашањето ‘‘ што стои зад сето тоа‘‘? Дали е тоа вистина? Дали сме сведоци на ‘‘меганамештаљка‘‘ и армагедонот врз најпознатиот кардиохирург во Македонија, истовремено прашувајки се кому е тоа потребно и што стои зад сето тоа? Што стои зад завесите на обидот за уривање на реномето на најуспешната клиника во Македонија, на човекот кој има спасено иљадници пациенти (читај животи) без да земе во предвид каков беше амбиентот за време на КОВИД кризата, какви беа надчовечките напори да се спаси секој живот, работејки во услови на 7/24 под стрес.

Дали тука има вмешано прсти политиката, конкуренцијата или некој трет? Или пак, можеби сите тие здружено заедно? Секој има право да се сомнева во се, но никој ништо не може да тврди. За да тврди треба да има докази. Арно ама, ‘‘финтата ‘‘ со која целата приказна започна е навистина симптоматична, ако се земе во предвид начинот и стилот. Некој да сакаше да оцрни некого ‘‘со ќумур по лицето‘‘ немаше толку да успее како што оваа приказна започна.  ‘‘Се збори по чаршија дека е нарачано‘‘! Имено, невладината организација која се бави со истражувачко новинарство и се вика ‘‘ Истражувачка Репортерска Лабораторија‘‘  прави емисија на која може да и завиди и посериозна продуцентска куќа. Полна со драматургија во која преовладуваат темни тонови и амбиент на ‘‘мистерија‘‘, максимално ја користи (драматуршки) тагата на семејствата на починатите на клиниката за да создаде амбиент на сомнеж дека на клиниката методот на хемофилтрација е безпотребно наметнат и злоупотребен за создавање на профит. Јас лично емисијата ја доживеав тажно сочуствувајки со болката на семејствата, но она што е симптоматично е дека ( впечаток ) во емисијата Др. Жан Митрев е однапред претставен, осуден и прогонет како ‘‘измамник‘‘, профитер и лекар кој во пракса бездушно наплаќал скапо, а наметнато. Истовремено, представен е како лекар кој методот на хемофилтрација, покрај наметнато а скапо наплатено го користел на клиниката за истражување и експериментирање? На цела мака на пациентите и нивните семејства. За да има емисијата свое ‘‘крешендо‘‘, за да биде амбиентот ‘‘лелее, што правел човеков бее‘‘ на крај се спомнува и присуството на бактерија која е убиствена по својата моќ, а била присутна на клиниката. А бе ‘‘црнила до црнила‘‘. Што би рекол народ, таман некој да ти убил и татко и мајка, не би му снимил таква емисија. И сега, се прашуваме нај логично, без да тврдиме кој е во право затоа што за тоа нема ни доказ ни можност, ‘‘дали таа емисија не е нарачана‘‘!? Чисто  хипотетичко прашање без наметнување на одговор. Башка, ако е, ‘‘од кого‘‘!? Исто како во вицот во кој некој Албанец кога му барале оружје по куќа он викал ‘‘ ЈА ЧУДИМ‘‘!

Апсолутно сочуство до семејствата на починатите. Апсолутно сочуствување со болката на семјствата. Арно ама каде е вистината!? Не постои на светот пример во кој некој лекар е осуден или барем се обвинува за неуспешност во лекувањето на КОВИД-от. Додуша, никој не го спомнува медицинскиот услужен аспект во обвинението, затоа што да простите никој ‘‘ нема муда‘‘ да каже нешто против функционирањето, услугата, грижата и професионалниот аспект на клиниката ‘‘Жан Митрев‘‘! Ако се збори стручно и по статистиките, тие велат дека за разлика од државното здравство, на клиниката ‘‘Митрев‘‘ е напола помала смртноста во делот на КОВИД –от. Ама, никого тоа не интересира. И како да му ‘‘скршиме заби‘‘ ( народски речено) на некого му текнало да го удриме по угледот на установата. Била скапа, била ваква, таква, а тој бил измамник за пари. Тоа ме потсеќа на приказните од среден век во кој како што вели историјата, за да се ослободиш од некоја жена која ти смета, доволно е гласно да вреснеш и да ја обвиниш дека е ‘‘вештерка‘‘. Таа по сите комбинации завршувала на клада испечена како ‘‘кокошка на жар‘‘. Така и приказната за Жан Митрев. Тој е – вештерка. Спалете ја! Нека ја нема! Уништете ја! Среден век во лето господово 2023-то!
‘Судство‘,…. ‘ се мој до мојега‘‘!

Ооо  ЏЕМААТ ( народе)! Не е страшно ако има неправда. Страшно е ако таа е одомаќена.