Лош сон и бугарски доручек

262

 

 

Каква национална стратегија градиме ако таа се базира исклучиво на прашањето дали Гоце Делчев е навистина убиен во село Баница или у кревет кај швалерката. Дали Скендербег кога кивал лисја од дрво паѓале. Се додека и албанската и македонската страна не направат здрав муабет и ги елиминираат национал-романтичарските вошки у главата, нема здрава држава. Нема современ државен апарат. Нескршлив

 

Од Агим ЈОНУЗ

Си праам ја така муабет сам со себе на сон, како да земам бугарски пасош. Зошто да не бе! Нека се најде! Ама, онакво поголемо! Не дават на оние што не потпишуваат дека имаат бугарски корени и ‘‘филинг‘‘ кој вели дека ‘‘Бај Гањо‘‘ му е во срцето. Реално, секоја земја има свои правни нормативи за тоа.  Ама ова што се случува е чисто и што е најстрашно експлицитно ебење у мозак. Уште пострашно е што се е на доброволна основа, па и ‘‘под рука ќе платиш‘‘ само да потпишеш дека си у суштина Бугар. Ех, бре македонче! Јебо те тај пасош. Додека бугарите си играат со македонските национални чувства ‘‘ Џебен биљард‘‘, катарзата на мазохизмот на ниво на ‘‘ ех да ми е пасош‘‘ прави неповратна штета врз македонското национално ткиво. Бугарите направија формула која функционира беспрекорно а работи во нивна полза. Дали бугарите калкулираат со објавувањето на имињата на оние кои земале бугарско државјанство и пасош? Дали некогаш ке го објават тој список. Јас лично мислам дека тоа еден ден ке се случи кога бугарите веќе нема да имаат други адути во џебот и тоа ке биде финален удар. Секако ако затреба за потребиде на т.н. македонско бугарската тивка војна.  Прашањето е, дали бугарите не направија едно големо ‘‘национално купување‘‘, а со податокот кој вели дека регулативата за добивање бугарски пасош подразбира да потпишеш дека имаш бугарски корени и чувства? Ај ке потпише некој неписмен сељак, некој што нема друг излез. Второто прашање е колку писмени интелектуалци потпишале!?

Е, па срце мое, ако го даваш газот под кирија, имај во предвид дека тој што ти го зима не ти го зема газот за да го гледа, туку за да си го дупи како сака! Уште одозгора си го молел сам да му го дадеш, па и мито си дал на посредници. Кој е тука ненормален!  Што ке се случи кога бугарите ке излезат со тој список? Тогаш ќе се соочиме со уште поголем резил. На таа листа милион посто сум сигурен дека ке излезат имиња на многумина кои во оваа  циркузијада  со бугарите ја бранат македонштината во стилот на ‘‘ ко зеницу ока свога‘‘! Шах – Мат‘‘! Зошто бугарите не го направија тоа до сега!? Еве зошто. Затоа што гео стратешки во моментов не се потребни политички земјотреси од таков вид. Европа диктира! А, бугарите кај неа ‘‘го имаат дадено газот под кирија‘‘! Ти текнуе!? Ако ме праша некој што и како си давам за право ја да му ја мислам за македонците и нивните резили, ке го кажам следново, иако знам дека некој што ја чита колумнава веќе ме тера ‘‘ у три пичке материне‘‘. Фала, молим! Не ме разубадувајте дека не сум у право.

Мојата социјална стабилност, државна, ваква, таква, си ја делам со македонците. Браќа ми се де, се секирам. Заедно јадеме леб и дишеме ист воздух ( преку маски). Барем така глумиме. Да ги оставиме македонците ( и македонските бугарчета) на страна, да ги оставиме бугарите, оние истите за кои бевме ‘‘американци‘‘ за време Тито и им носевме ‘‘ чорапогашти‘‘, не заборавајки ја онаа фраза ‘‘ за две червени‘‘. Оние истите кои возеа ‘‘Жигули‘‘ додека ние се курчевме со Мерцедес, БМВ, Опел, и одевме у Бугарија ‘‘да дупиме нешто‘‘. Ма јебо те Тито и АВНОЈ, не ни чинеше. Е!,.. сега дојде ред они да не заебаваат  нас! Заслужено бе! Свака им част. Додека ние требаше да изградиме за овие триесет години држава што не може да ја скрши ни диносаурус, ние си игравме ‘‘сана-бана‘‘ со сопствената државна судбина. Живи мајмуни сме биле и ќе останеме, се додека нешто ептен сериозно не ни се случи. А после ќе биде касно.

Може ли Македонија да се распадне како осушена кифла на маса, без да има импакт врз територијалниот интегритет? Еве како! Подвлекувам, ова е чиста хипотетика. Може! Како? Еве еден пример! Станува едно рано сабајле Еди Рама, го префрлуе од лево на десно, и вика ‘‘море, се што е албанско ткиво на балканот ќе му дам албански пасош‘‘! Кад је бал нек је бал‘‘! Тврдам дека од седум до седумдесет и седум години старост ќе земе Албански пасош. Треба ли да елаборирам понатаму? Отиде јабана Македонија, без разлика што НАТО и ги чува границите! Ааа!?…И што правиме после? Цела Западна Македонија, пола Скопје фиктивно ке бидат ‘‘граѓани на Албанија‘‘! Звучи смешно ама не е далеку од мозак и логика. Источна Македонија со бугарски пасоши, таман да се знае на кого каде му е местото.  Секако никој нема да ја гиба територијата на Македонија, но таа дури тогаш ќе биде ‘‘фатаморгана држава‘‘ во која живеат граѓани на Македонија кои се натпреваруваат кој поголем шамар да и удри на сопствената грутка. Ние повторно сите ке си останеме декларативно ‘‘Македонци‘‘, ама приказната ке биде смешна. И татко ми да има бугарски пасош тоа нема да значи дека е бугарин, зошто син му ќе има албански пасош. Ќе се дојде до парадоксална ситуација. ‘‘Башта ми е Балгарин, обаче ас сам Шиптар‘‘ ќе биде ситуацијата. Ами, двамата сме си Македонци. Ма, клинац мој сте вие двамата! Вие сте морони! Таква историска јебачина само ние можеме да направиме, а со оглед на шареноликоста на демосот по своја етничка структура.

Каква национална стратегија градиме ако таа се базира исклучиво на прашањето дали Гоце Делчев е навистина убиен во село Баница или у кревет кај швалерката. Дали Скендербег кога кивал лисја од дрво паѓале. Се додека и албанската и македонската страна не направат здрав муабет и ги елиминираат национал-романтичарските вошки у главата, нема здрава држава. Нема современ државен апарат. Нескршлив. Можеби некој ќе рече дека идеализирам премногу, јадам бурек у стилот ‘‘ јас сум лојален граѓанин жими мајка‘‘, или ќе рече дека мрчам за да бидам интересен. Не! Чиста логика! Здрава држава не се гради вака. За здрава држава треба здрав народ. Да!,.. да,.. не мислам само на македонците. И на шиптарите де!,…сви смо иста кашкајца.

Градиме нација!?!.. Градиме ташак мој! Како на плажа кога си играш со песок и тој ти се растура меѓу прсти, така и нам на сите меѓу прсти ни бега времето да се освестиме и сите обединиме ако сакаме здрава држава. Кого бе да обединиш!? Ајвани ? Е, КАКО ДА НЕ ОБЕДИНАТ БЕ! …. така бе,.. има чизма, има стап, камшик,… нема друго чаре! Ако стварно сакаме држава. Ако не дај да ја снема ден порано да не се мачиме и да не живееме во лажен свет.

Велат, пацовите први го напуштаат бродот. Јас сум бил на сите континенти (освен на Арктик и Антарктик) ама не сум пацов. Јадам бурек од кога знам за себе дека треба и може да биде подобро, ама кому јас зборувам. На сите оние кои од една страна велат „кој клинац има ти ко Албанец да се секираш за Македонија“, а од друга страна како големи Македонци бугаскиот пасош под јастук го гледаат како Ноева Арка за да се втиснат некаде у три лепе и од таму да мрчат дека се големи патриоти и големомакедонци? Секако додека го пишувам овој текст се срамам од многу мои блиски пријатели Македонци за кои знам дека размислуваат исто како мене и не се предаваат дека борбата за здрава Македонија не е завршена. Ама, од мудолози кои се среќни што на Запад или некаде преку океаните лево или десно на атласот градат некому туѓо општество и виткаат кичма пред некој трет, да ти пукне онакво. Способен си? Паметен си? Ташаклија си? Ти смета Грујо, Бранко, Али, Мендух, Ѕинго? Покажи се бе! Победи ги! Земјата е твоја, изгради општество по твој мерак. Бори се. Извојувај победа на твое, а не на туѓо тло. А, што е тоа победа? Тоа што ке бидеш среќен што на Запад ќе можеш да купиш пар кондури без да калкулираш до први? Толку ти е фитиљот? Можеш таму да бидеш претседател на држава? Можеш таму да бидеш дома? Само дома е дома ало!  И пак некој ќе ми рече дека ја овде продавам муда за бубрези. Не! Јас само сакам да ги потсетам младите на можноста која и Бог и законот им ја дал а не ја користат. Тоа е правото да се бориш да ги менуваш нештата а не да изиграваш Ној и да ја буткаш главата во песок и тоа во нечија туѓа бавча во која десет следни генерации ке ти бидат жигосани како дојденец, јабанџија, доселеник, како се само не како автохтон Германец, Швајцарец, Белгијанец, кенгур или Јенки!  Ти сметале политичарите? Не ти давале да дишеш? Мењај бе! Како? Па, млад, образован, јак интелектуално, начитано, спремно, па, покажи интелектуални вредности и влези во политикаа! Не ти дават! Не? Тоа не значи дека тие се толку јаки, туку дека ти си слаб да ги смениш! Е, тогаш, ќути и не јади бурек. Не е во власта проблемот туку во твојата слабост да мењаш. Не сери по ќошиња извикувајки „пу, лоповиии“, туку фати ги лоповите. Не Грујо, Ни Св. Асан не ти може ништо ако покажеш јакост. Ама, ти си паразит!! Не ти се работи, сакаш на готово господин да бидеш, а и самиот знаеш дека за да бидеш тоа што сакаш, треба да го одработиш, да се трудиш, да се бориш. И..? Гитла на Запад и биди среќен што со стандардот на средната класа на Запад ќе бидеш  овде некој ташаклија со купено „second hand“ БМВ, а во земја која ти си ја напуштил и оставил на некој Бранко, Некој Грујо, Петко, Асан, Масан… И тие ти се виновни што ти си неспособен како млад својата сопствена земја да си ја направиш Швајцарија, Германија, Норвешка. Оваа земја секогаш ке си остане Македонија, ама ти еден ден ќе сватиш дека си ни таму ни ваму, ќе останеш вечен критичар на сопствениот темел врз кој си имал а не си ја искористил можноста да си изградиш куќа каква што сакаш.

Преку такво ми е од мудолози! Преку такво ми е од сите што мене од друга страна ке ме наречат лижач на газот на власта! Ма немој!!! Еве предизвик! Ајде, сите вие што мислите дека поради власта сте побегнале, направете „Dream Team“ од паметњаковичи и преземете ја власта. Па, ваша е државата. Ајде бујрум назад, па речете „Гит бе Таче“, „марш бе Мицко“, „ќути бе Али“! Ама, или немате капацитет, или некој не ве потсетил дека овие сите овдека барем се борат, па што прават прават, толкав им е капацитетот. А, на власт се затоа што немаат кој да им парира, да ги менува, наместо нив да се бори и гради нешто, па макар банана држава. Затоа што измеѓу трновитата аскетска борба за држава која официјално брои тек триесет години или да се чистат туѓи гомна некаде за среднокласна плата ти го избра чистењето (парафразирам, де)! Една држава е онолку е јака онолку колку што ја чувствуваш за своја татковина, а сходно на тоа ја градиш и се бориш за промени. Не постои неисплатлив влог во труд за промени во секојдневјето, па макар тој навидум и во еден актуелен момент е невидлив и делува како потрошено време. Градењето држава е процес, а тој процес бара лавови, орли, борци. Ама не лавови и орли истетовирани на рамо за да се покаже пред некого колку срцето ти се кине за некоја земја таму на југ, туку лавови и орли во срцето. Можеби јас сум тупатор, можеби сум мајмун, ама сум тука, јадам говна по колумни дека треба да се бориме сите заедно, а кога велам сите заедно, исто како што сите вие на запад се дружите меѓу себе и се праите пацифисти, па, дојдете си назад и правете се пацифисти!!!

ООО ЏЕМААТ! Јас знам дека оваа држава од тебе наместо достоинствен граѓанин направи експерт за преживување. Не ти е лесно бе џемаат. Ама, ти си тој што ја прави државата. Значи, ти си чурукот. Нека ти е Аллах на помош! СИКТЕР ДОМА!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)