БОРИ СЕ ИЛИ БЕГАЈ ОД ТУКА МОМЧЕ

3,408

Ви бега последниот воз синко. Или борите се,  или бегајте и никогаш не се враќајте. А и да сакате, нема да имате каде да се вратите ако вака продолжи. Еден ден ова ќе биде се освен Македонија. Да, може така и ќе се вика, ама само на хартија. Вие нема да имате легитимитет да прашате ‘‘ако е Северна, а каде се источна и јужна‘‘? Ке бидете туристи во сопствената земја. Македонија ке остане она што низ целата историја во суштина била. Своја, а во суштина туѓа

Од Агим ЈОНУЗ

А  бре младо момче! После колумнава на глава ке ми се качат најмногу оние кои уште утре би побегнале од тука, ама мораат да прават така зошто се ‘‘шупаци‘‘!Јас прво на нив би им ‘‘ебал матер‘‘! Оние кои се длабоко во душата губитници, задскриени зад лажниот комерцијален патриотизам  за да преживеат, зошто по професија се патриоти, а не по дефиниција. Пола од нив под јастук кријат бугарски пасош ‘‘ за не дај боже‘‘!  Ќе ме наречат предавник, демагог, лицемер и антидржавен елемент. Ако! Па, и онака во сите коментари кога излагам на телевизија по дебати ме прават од гомно подоле, па да си ‘‘засмрдам‘‘ барем онака, јако. Велат, ако некој те мрази без причина, барем дај му една добра. Да не му иде зијан омразата. Во нашето поднебје и онака омразата е најјака инвестиција во себе си. Тоа сме си ние! Гомна!

Се сеќаваш на онаа моја колумна ‚‚ Кога државата ти го брка најмилото‘‘? Беше една од најчитаните во историјата на медиумите во Македонија. Признавам во туѓо име пишав сопствени чувства и ситуација. Овој пат, пукам директно. Ми пукнал нешто филмот, па си кажувам онака без да ги мерам зборовите, иако знам дека добар дел од она што ќе го речам, почнувам ниту сам да не верувам во изреченото.  Па, нека изгорам. Значи, да почнам од почеток. Каква перспектива имаш тука? Имаш ‘‘онакво подугачко‘‘! Факултетски си образован, начитан, умен. Која е веројатноста да ти се исполнат соништата? Која е шансата да просперираш и да се вивнеш до нивото кое го стремиш? Како ке го направиш тоа? На кого ке се потпреш? Имаш ли капитал? Јас немам да ти дадам. Каде можеш да се обратиш за да можеш да ‘‘започнеш нешто‘‘? Имаш ли информација дека државава ќе оди напред? Имаш ли  јасна слика каде оди државава наредниве барем пет години? Припаѓаш ли на некоја од партиите, а и да припаѓаш на кое ниво си? На некое што треба да пополнува бројки на митинг? Чувствуваш ли некоја социјална безбедност? Чувствуваш ли воопшто безбедност? Имаш ли барем тројца реални другари? Им веруваш ли на полицијата, на судот, на оџите, поповите, на било кој што цело време ти дава памет која чорапа на која нога иде? Не! Е па, иди бре у пичку лепу материну! Уште размислуваш? Да!? Е па сега јас ке ти помогнам убаво да размислиш. Читај понатаму.

Е па мој синко, ти би сакал да живееш како да си у Германија, ама да живееш тука. Убаво е тоа, ама неизводливо. Сакаш да бидеш Германец ама во Македонија. Па, не е тоа грев, можеш, ама ќе треба да преземеш некои ситни чекори кои ќе ти го овозможат тоа. Пред да ти кажам што треба да преземеш, морам да ти се извинам во име на мојата генерација што за жал не ти оставив држава во која можеш така да се чувствуваш. Ја ебавме тотално работата. Наместо да инсталираме здрава држава во која ‘‘ ќе бевме Германци‘‘, ние инсталиравме несигурност, неперспективност, донесовме сељаци на врвот, чобани во елитата, а тие донесоа мирис на тешка провинција  која не може ниту една промаја да ја излуфтира. Направивме криминална елита, корумпирани неизживеани локални богови кои владеат со твојата младост, направивме оаза на омразата по сите можни основи, направивме хаос маскиран во некаков европски пат на кој сме залутани како магаре на туѓа нива. Јас навистина ти се извинувам, и во сопствено и во име на мојата генерација. Испаднавме неспособни мајмуни. Жал ми е. А ти  Германец ке бидеш овде у Македонија како што би рекле србите ‘‘ кад прдне мртав‘‘! Тотално ја ебавме работата! Арно ама, не е се изгубено! Има излез, ама ти не сакаш да ме слушаш. Кога добро ке размислам, не си ни ти крив што создадовме генерации кои бегаат надвор како ѓавол од крст, така да не ти остануваат многу луѓе за да го направиш тоа што ќе те советуваам. Како родител, жалам што сево ова ти го кажувам, ама, ако ништо друго, барем од се срце и искрено те советувам. Читај понатаму!

‘‘Или – или ‘‘! Колку и да звучи сурово, има една англиска поговорка која звучи трагично, ама за овој случај нема алтернатива. Вели ‘‘Make it, or, brake it‘‘ а во превод значи ‘‘ направи ја или растури ја‘‘! Јас предлагам да ја направиш, имаш златна земја во која може дури и таа пуста Германија да и завиди колку природни ресурси има. Имаш другарчиња кои дипломирале исто како и ти и кои знаат како светот функционира во современи услови. Имаш се што ти треба. А, најмногу имаш лош пример што сме ти го оставиле ние татковците. А, тоа е како не се прави држава. Наместо да мудруваш на Фејсбук цело време, да висиш по кладилници и да создаваш идоли од старлети, ороспии и ‘‘шунд фраери‘‘,  јави му се на Мустафа, Јован, Хасан, Крсто, Мефаил, Александар, собери ги во еден кафиќ и речи им ‘‘ од денеска ние ја преземаме Македонија во наши раце‘‘! Да, да, ова не само што звучи смешно, туку дури и оние кои ја читаат колумнава во меѓувреме сметаат дека сум полудел или сум пијан. Знам што зборам синко! Не сум јас крив што девеесет посто од народот не ми ја сваќа поентата.  Ова е фигуративен јазик во кој треба суштината и вистината да ја бараш меѓу редови малку. Ако, слободно нека мислат дека сум луд или пијан! Понатаму, дај земи свикај ја целата твоја генерација што со своите дипломи брише подови по светските дестинации. Меѓу нив има паметни деца. Не е битно како се викаат. Тоа нека ти биде последно. Битно е да сакаат исто како тебе да бидат ‘‘ германци во Македонија‘‘. А, сакаат, знам. Нема кој да ги собере!?! Е па некој мора. Еве, предлагам ти да бидеш првиот. Направи војска од твојата генерација која со своите лаптопи и книги ке создаде оружје кое ке ја убие ‘‘бедната Македонија‘‘ и ке создаде една убава, нова земја од која нема да им текне да излезат никогаш, освен како туристи кои своите семејства ке ги носат да видат Париз, Рим, Берлин,… Да! Изгледа неизводливо. А, дали е неизводливо! Не е неизводливо! Тврдам! Вас младите само нема кој да ве собере, да ве канализира и да ви дозволи ‘‘да свртите едно кругче‘‘ со државата. Јас верувам во вас,.. ама истовремено немам друг коментар, освен тој. Бори се синко или бегај на време. Треба деца да изродиш, семејство да изградиш. Онака, достоинствено и како што му доликува на дваесет и првиот век. Ослободен од смрдежот на гомната во која сме до гуша.

Ако решиш да се бориш, те предупредувам да не се  изненадиш затоа што ‘‘ ке ти ебат матер‘‘ прво оние кои најмногу се колнат дека ја сакаат државата и дека работат за твое добро. Тие што не те пуштаат да бегаш во Германија. Да работеа за твое добро, ке беа искрени и ке признаеја дека сите они веќе своите деца ги сместиле некаде надвор. Останата е само фукарата и оние без излез и чаре.  Тие се најопасни. Исто како во време на комунизмот кога на врвот беа најголемите заштитници на работничката класа кои создадоа црвена буржоазија на сметка на наивниот чесен народ. Нема никаква разлика од филозофијата што ја продаваа комунистичките врвови и денешната наводна современа демократија. Се е ‘‘ во име на народот и за народот‘‘. Ма ги заболе да извиниш курот и за народ и за тебе и за мене. А најмалку за државата. Од комунистичка филозофија прејдовме само ба класична Социјал-демократија маскирана во некакава левица и десница. Се е некаква нова  амбалажа на веќе испробана попара. И така, земи си синко задачата во раце да си ја собереш генерацијата и ако веќе си решил и имаш желба да живееш како германец во Македонија, создади си ја онака како ти што сакаш. Без емоции, без етнички и религиозни бариери, без да те заболе курот кој како се вика и дали е Турчин или каурин. Само нека и мисли добро на оваа наша Македонија која си ја усравме поштено и која ни се распаѓа пред нос, а ние се правиме мутави како да не гледаме. Ние не признаваме, ама Македонија ‘‘ачик‘‘ се распаѓа! Ти требаат наочари!?  Спасете ја вие од твојата генерација. Како!? Па ваљда додека сте на тој интернет гледате како некој друг знае да си ја сака земјата. Ако сте толку паметни да знаете најтешки математички и информатички комбинации, па сигурно ке знаете и како да се справите со нас, постарите генерации кои во ваше време немаа ни интернет, ни Фејсбук, ни инстаграм, а најмалку ‘‘Гугл‘‘!Ние заслуживме да не презирате. Да не мразите. Да не осудувате. Заслуживме столб на срамот. Заслуживме да одиме час поскоро во историјата. Сменете не! Ајде да ве видам! Имате знаење, младост и сила. Ајде! Сакате да бидете Германци во Македонија! Бујрум! Кој ве држи! Ние постарите!? Е па, на крајот на краиштата дигните не на клоци ако треба. Ајде, викни ги тие со тебе, тој Мустафа, Јован, Хасан, Крсто,..! Имате муда!? Да!? Не!? Ај да видиме.

Ви бега последниот воз синко. Или борите се,  или бегајте и никогаш не се враќајте. А и да сакате, нема да имате каде да се вратите ако вака продолжи. Еден ден ова ќе биде се освен Македонија. Да, може така и ке се вика, ама само на хартија. Вие нема да имате легитимитет да прашате ‘‘ако е Северна, а каде се источна и јужна‘‘? Ке бидете туристи во сопствената земја. Македонија ке остане она што низ целата историја во суштина била. Своја, а во суштина туѓа. Слободна а поробена, мирна а крвава, исконска а ѓаволска, ничија и сечија. Сега кога е само своја, Чива е! Твоја! Па бори се за неа! Работи на неа! Гомно едно! Мрш! Џабе ли те школувавме!

ООО ЏЕМААТ! Имаш два пата! Еволуција или Револуција! Во случајов ти треба итна револуција, иако не си расчистил со еволуцијата. Преглуп си за да сватиш разлика. Тебе ти треба само некој квалитетно да ти јебе се живо за да се сетиш и да речеш ‘‘ ај што направивме‘‘! Јас ќе ти кажам што си направил. Едно големо ‘‘срање‘‘ и тоа самиот  од себе си! Мрш дома!!! И да не се враќаш дури не научиш што е Револуција, а што е Еволуција. Сиктер!!!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)