АД ЕСМ: Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен од мрежа

2

 

АД ЕСМ информира дека Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката. Санацијата треба да заврши до недела.

-Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозволуваат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет, соопштуваат од ЕСМ.