Аеродромот во Истанбул прв по бројот на патници во 2020

12

Аеродромите во светот во 2020 година поради пандемијата и ограничувањата на патувањата забележаа годишен пад на бројот на патници меѓу 70 и 80 отсто, но некои имаа и помал пад и пораснаа на скалата, како, на пример, најголемиот руски аеродром Шереметјево кој скокна од 8-то на 5-то место на најпрометни аеродроми во Европа.

Податоците на Светската туристичка мрежа (ВТН) покажуваат дека московскиот Меѓународен аеродром Шереметјево, како најголем во Русија за патнички и товарен сообраќај, во 2020 услужил речиси 20 милиони патници (поточно 19,8), со што на скалата на најпрометни европски аеродроми се искачи за три места, на петтото.

На првото место за 2020, по комплетирањето на податоците за сообраќајот на сите аеродроми во Европа се очекува да биде аеродромот во Истанбул, кој тоа е уште сега со ланските околу 23,4 милиони патници кои ги примил, и за кој се предвидува дека поради капацитетот на новиот терминал и во идните години да биде водечки во Европа по бројот на патници.

На второто место по бројот на патници за 2020 следи главниот француски аеродром Шарл де Гол во Париз, кој до сега услужил околу 21,1 милион патници од ланскиот јануари до ноември, односно милион помалку од лондонски Хитроу за цела 2020 година.

Се очекува Хитроу да биде најголемиот „губитник“ меѓу аеродромите во Европа, иако сите загубија поради пандемијата и сообраќајот на патниците и приходите, бидејќи низ тој аеродром минале околу 22,2 милион патници во 2020, за разлика од речиси 81 милион во 2019 година.

Со наглиот пад од речиси 73 отсто Хитроу во 2020 ја загуби водечката позиција меѓу европските аеродроми според бројот на патници, и тоа директно поради пандемијата и особено ширењето на заразата на коронавирусот во Европа од есента до крајот на годината, што дополнително ги сопре и онака ограничените патувања.

Сите тие аеродроми, како и целата туристичка и индустријата на патувања се надеваат дека вакцините против коронавирусот ќе ги олесни патувањата подоцна годинава, додека достигнување на сообраќајот од 2019 не се очекува пред 2023 или поверојатно 2024 со претпоставка за сопирање на пандемијата.