Албанскиот претседател апелира јавните ресурси да не се користат за поддршка на изборните субјекти

13

 

Албанскиот претседател Бајрам Бегај на средба со претседателот на Централната изборна комисија, Илирјан Челибаши разговарале за подготовките зa изборниот процес за локалните избори што ќе се одржат во14 мај годинава.

Во објава на социјалните мрежи, Бегај пишува дека на средбата ја истакнал „важноста на овие избори, не само како добредојдена можност за изразување на политичката волја, туку и како важен тест на мудрост за самиот демократски систем на земјата”.

Во разговорот со Челибаши, Бегај се фокусирал „на неопходноста од спроведување на Изборниот законик и упатствата на ЦИК од страна на сите централни и локални институции со обврска да не користат јавни активности и ресурси за поддршка на изборните субјекти и нивните кандидати во кампањата“.

– Ја користам можноста да упатам јавен апел до сите субјекти изборниот закон доследно да го спроведуваат и да ја охрабрам ЦИК да го следи и доследно го спроведува истиот, подвлекол Бегај.

Додал дека сите Албанци сакаат фер и рамноправна конкуренција на кандидати во кампањата, оценувајќи дека „преку спроведувањето на законот им се гарантира тоа“.