Алкараз не е сигурен дека ќе има време да закрепне за Мастерсот во Мадрид

1

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз проговори за повредата поради која се повлече од турнирот во Барселона.

Шпанецот нема да може да ја одбрани титулата поради проблеми со десната подлактица.

– Ми беше тешко да ја донесам оваа одлука бидејќи овој турнир е важен за мене. Сакам да се вратам во Мадрид, но не сум 100% сигурен за тоа. Ќе се обидеме да дадеме се од себе. Дојдов од Монте Карло да поминам неколку дена дома и да видам дали можам да тренирам, да закрепнам и потоа да одам во Барселона во најдобра можна форма. Направив магнетна резонанца во саботата наутро, а сликите покажаа позитивна динамика. Но, во неделата работите не одеа како што сакавме: секој пат кога го зголемував интензитетот на моите форхендови, непријатноста се зголемуваше, изјави Надал.

Мастерсот во Мадрид, каде што Алкараз треба и да ја одбрани титулата ќе се одржи од 24 април до 5 мај.