Американската војска уништи четири дронови на Хутите во Црвеното Море

4

Американската војска соопшти дека уништила четири дронови со долг дострел, лансирани од јеменските бунтовници Хути.

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) синоќа на Х соопшти дека дроновите „таргетирале американски воен брод“ во Црвеното Море.

Хутите претходно соопштија дека извршуваат напади врз бродови во Црвеното Море како знак на поддршка за палестинската милитантна група Хамас во војната против Израел, а како одговор на тие напади, САД и Велика Британија, кои предводат коалиција од неколку земји, почнаа напади врз цели на Хутите во Јемен.