Англиски тренер суспендиран три години поради дискриминација и расизам

45

Англискиот фудбалски тренер Џон Јемс (63) е суспендиран во траење од три години поради дискриминација и расизам, објави Англиската фудбалска федерација (ФА).

Сега веќе поранешниот тренер на Кроули Таун во јануари беше суспендиран на 17 месеци поради „дискриминаторски речник“ и „расистички шеги“ кон своите играчи.

Меѓутоа, ФА ја обжали одлуката наведувајќи дека изречената казна е недоволна. Во обновената постапка, Независниот жалбен совет го суспендираше Јемс од сите активности поврзани со фудбалот до јануари 2026 година.

Поздравувајќи ја одлуката на Независниот совет, ФА објави дека станува збор за најдолга забрана изречена кога и да е во англискиот фудбал поради дискриминација.

Ова беше длабоко вознемирувачки случај за вклучените жртви и се надеваме дека исходот од оваа жалба ќе помогне да се донесе некаков заклучок. Исто така, се надеваме дека ова ќе го поттикне секого кој доживеал или посведочил на дискриминација во фудбалот тоа и да го пријави“, соопшти ФА.

Англиските медиуми објавија дека црномурестите фудбалери кои ги тренирал Јемс ги нарекувал „Зулу војници“, а муслимански играчи „терористи“.