Анчелоти одбива да ја преземе целосната одговорност: Фудбалерите играат на теренот!

10

Со поразот од Болоња пред своја публика, Наполи продолжи со очајните резултати изминатиов период, нема никакви дилеми во тоа дека случувањата во клубот дополнително придонесоа за ваков епилог.

Продолжува црната серија за италијанскиот вицепрвак Наполи, откако оваа екипа каде воедно настапува и нашиот репрезентативец Елиф Елмас, го забележа и осмиот меч во серија без победа, всушност, тимот од Неапол нема победа од 19 октомври во сите конкуренции.

Ситуацијата во клубот е далеку од добра, а веројатно и атмосферата во соблекувалната е „разнишана“ по сите случувања, а се’ започна кога клубот воведе карантин, одлука која дел од фудбалерите ја „бојкотираа“, па на сцена настапија дури и казни.

Шефот на стручниот штаб на Наполи, Карло Анчелоти не сака да ја преземе целосната одговорност, тој побара за очајните резултати на тимот вина и одговорност имаат и самите фудбалери.

„Фудбалерите исто така треба да чувствуваат одговорност, нема да ја преземам целосната одговорност сам, не сакам тоа да го сторам, преземам дел од тоа, меѓутоа не и целосно, фудбалерите се тие кои играат на теренот. Од моја гледна точка, фудбалерите мораат да излегуваат на терените со повеќе решителност“ наведе Анчелоти.