Апасиев: Си играте со погрешната генерација, Левица има план Б

19

Си играте со погрешната генерација, напиша Димитар Апасиев, лидерот на Левица по синоќешните протести. Тој ја водеше толпата од која одекнуваа паролите „Предавници“, „Фашисти клети врховисти“, „АСНОМ живее”…. Пораката од народот до Владата и Собранието беше испратена со јајца, тоалетна хартија и боја, соопшти Левица.

Апасиев повика на масовност и за денешните протести и најави и план „Б“ на Левица.
„Врие Македонец, ова е премногу што ни се случува и народот не може да трпи вакво предавство. Планираме да го посетиме и претседателот Пендаровски и планот Б кој го има Левица ќе го соопштиме веднаш после усвојувањето”, изјави Апасиев.

Тој го повика „секој свесен македонски граѓанин да биде пред Собрание додека трае расправата по овој предавнички предлог”.

„Дури и да го донесат предлогот тоа не значи ништо, немаат двотретинско мнозинство да го променат Уставот, а и да имаат ние им подготвуваме план Б со една правна операција која ќе ја соопштиме во вторник – среда”, изјави лидерот на Левица.