Артета: Ако кажам што мислам ќе ме суспендираат шест месеци

9

Арсенал вчера беше поразен од Тотенхем со 3:0 во дербито кое имаше голема важност во борбата за четвртата позиција. „Топџиите“ се уште се четврти, но во последните две кола ќе немаат право на грешка.

Тотенхем во вчерашниот натпревар поведе со гол од пенал кој можеби и беше прелесно досуден, потоа и Холдинг заработи два жолти картони и Арсенал мораше да игра со играч помалку. Артета после натпреварот беше разочаран од судењето, но сепак не сакаше многу да коментира.

„Ако сега го кажам тоа што го мислам ќе ме суспендираат шест месеци и затоа не можам да кажам. Имам дозвола да кажам мое гледање на натпреварот, но не сум човек што лаже и кажувам тоа што мислам, затоа нема да зборувам. Повикајте ги судиите да ги објаснат одлуките пред камерите, тоа се нивни одлуки“, изјави Артета.