Ахмети: ДУИ има голема предност во Сарај, Тетово, Чаир, Кичево, Струга…

5

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конфернција ги соопшти првите неофицијални резултати од изборите, и кажа дека ДУИ веќе има градоначалници во неколку општини, и голема предност во неколку општини.

 

„Имаме голема победа во Сарај, победа со една голема разлика во Пласница, ДУИ е во значителна предност во Тетово и Чаир, во Кичево, во Струга, во Желино, во Теарце, Боговиње, ДУИ има предност во Арачиново, Долнени, во Дебар одиме во втор круг, во Гостивар зголемен е нашиот фонд на гласови за 100%. Во Чашка одиме во втор круг со предност“, рече Ахмети.

 

 

Share