Балетското студио „АРТ БАЛЕТ“ победник на европското првенство по танец во Москва

43

Балетското студио „АРТ БАЛЕТ“ од Скопје изминатиот викенд се закити со7златни,5сребрени и 1бронзенa медала на Европското првенство по танц во Москва, Русија организирано од Светската Артистичка Танцова Федерација (WADF).

Петнаесет балерини од„АРТ БАЛЕТ“на возраст од 8 до 17 години, под раководство на балетскиот педагог Тамара Ѓурчиновска, издвоија голема победа на Европското првенствово Москва и освоија 7 први места (во категориите: jazz ballet small team juniors; contemporary ballet large team mix age; jazz ballet solo adult – во изведба на Бобана Димеска;jazz ballet solo kids – во изведба на Ива Митревска; jazz ballet duo mix age – во изведба наАнтонија Атанасова и Сара Димовска; contemporary ballettrio adult – во изведба наБобана Димеска, Елена Селмановиќ и Сара Димовска;contemporary ballettriojuniors – во изведба наЗорица Тасевска, Хана Патриција Поповски и Нина Димитриоска),5 втори места (во категориите: contemporary balletsolo kids – во изведба наАнтонија Атанасова; acrobatic trio kids – во изведба наЕма Ханџиска, Зорица Тасевска и Марија Димовска; acrobatic small team juniors; contemporary balletduo kids – во изведба наЕлена Тренеска и Ива Митревска), 1 трето место во категорија contemporary balletadult – во изведба на Сара Димовска и 1 четврто местовокатегорија open adult – во изведба наЕлена Селмановиќ. Македонските балерини достоинствено ги одбранија боите на македонското знаме и гордо ги примија наградите проследени со македонската химна.

На Европското првенство во Москва учество земаа над 22 државиод Европа и други континенти, 104 балетски студија и повеќе од 7000 натпреварувачи кои се напреваруваа пред публика од над 70.000 љубители натанцот.Децата учесници беа оценувани од врвни професионалци од областа на танцот од сите танцови стилови, судии од: Русија, Белорусија, Холандија, Германија, Белгија, Италија, Полска, Чешка, Австрија, Филипините, Грција, Хрватска, Србија, Романија, Словенија, Ерменија, Црна Гора, Словенија, Швајцарија, Шведска, Македонија и т.н.

Балетското студио „АРТ БАЛЕТ“ втора година по ред ја претставува Република Северна Македонија на Европското првенство по танц во Москва. Минатата година „АРТ БАЛЕТ“ издвои голема победа на Европското првенство и се закити со три први места, едно второ место и едно трето место во модерен балет, џез балет и акробатика. Оваа година балерините од ова студио го потврдија минатогодишниот успех и се закитија со двојно повеќе титули.

Напредокот на овие млади таленти е од големо значење за балетското студио „АРТ БАЛЕТ“ кое има за цел да ги едуцира младите кадри да ја сакаат, негуваат и надоградуваат својата љубов кон танцот и културата.

Балетското студио „АРТ БАЛЕТ“ оваа година замина на Европското првенство по танц во Москва со поддршка од Министерството за култура на РСМ.