Бајден: Администрацијата во заминување го попречува мојот транзициски тим (ВИДЕО)

6

Џозеф Бајден, новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, изјави дека администрацијата во заминување, како што тврди, не му пружила информации во доволна мера на неговиот транзициски тим.

„Во овој момент едноставно не ги добиваме сите потребни информации од администрацијата во заминување во клучните области на националната безбедност. По мое мислење – тоа е неодговорно“, кажа новоизбраниот американски претседател по состанокот со номинираните членови на својот надворешнополитички тим.

Бајден тврди дека тој и тимот што го предводи се соочиле со опструкции, како што кажа, од политичкото раководство од Секретаријатот за одбрана – Пентагон и Канцеларијата за управување и буџет.


Истакна и дека бројни американски разузнавачки агенции изгубиле многу за време на владеењето на актуелниот претседател Доналд Трамп.

„Вистината е дена многу агенции клучни за нашата безбедност претрпеа огромна штета. Голем број од нив изгубија од аспект на персоналот, капацитетите и моралот“, кажа Бајден на обраќањето.

Електорскиот колегиум на 14 декември ја потврди победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на американските претседателски избори.

Меѓутоа, и покрај тоа, Трамп одбива да се согласи со изборниот резултат и го доведува во прашање резултатот на гласањето тврдејќи, без да даде валидни докази, дека изборниот процес бил нерегуларен во корист на Бајден.

Средбите на членовите на Бајденовиот транзициски тим со членови од администрацијата во рамки на процесот на предавањето на власта почнаа дури на крајот на ноември.

Во процесот на изборната победа на Бајден остана уште Конгресот на 6 јануари 2021 да ги потврди резултатите од гласањето на електорскиот колеџ.

Потоа Бајден официјално треба да ја преземе должноста на 20 јануари.a