Бајден го потпиша историскиот план за оправување од 1,9 трилиони долари (ВИДЕО)

8

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша денес својот план за обнова на економијата во износ од 1,9 трилиони долари, неколку часа пред очекуваниот говор за пандемијата и надежите во кампањата за вакцинирање.

На педесеттиот ден од мандатот Бајден го одржа првиот свечен говор во Белата куќа.

„Ќе ви зборувам за сите предизвици од минатата година и најважното за она што ќе следи. Има вистински причини за надеж, ви ветувам“, истакна Бајден. „Се наѕира светлото на крајот на тунелот“.

И покрај противењето на републиканците кои го осудуваат лошо таргетираното трошење, демократите, мнозинство во Конгресот, го прифатија планот од 1,9 трилиони долари, вртоглав износ еднаков на БДП на Италија.

Фалејќи ја историската победа за Американците, Бајден го потпиша текстот и ќе оди на турнеја за да го одбрани. Во вторник треба да оди во Пенсилванија, а потоа во петок во Атланта.

Говорот на Бајден до нацијата се одржува една година од одлуката на Светската здравствена организација (СЗО) да прогласи пандемија на коронавирусот.

Во пандемијата во Соединетите Држави умреа речиси 530.000 луѓе и првата светска економија назадуваше лани за 3,5 отсто, што во САД е втората најлоша година по Втората светска војна.

Откако Конгресот даде зелено светло милиони Американци ќе примат директни чекови за помош со вкупна вредност од 400 милијарди долари.

Со тој план до септември се продолжуваат вонредните надомести за невработените.

Покрај тоа планот издвојува 126 милијарди долари за образованието и 350 милијарди за сојузните држави и локалните заедници.

Во видеото „Зависи од вас“, поранешните живи американски претседатели Џими Картер, Џорџ В. Буш, Бил Клинтон и Барак Обама денес наутро ги повикаа Американците да се вакцинираат.