Бајден го стопира финансирањето на sидот на границата со Мексико

16

Американскиот претседател Џозеф Бајден го укина указот на неговиот претходник Доналд Трамп, кој прогласи вонредна состојба на границата со Мексико, со цел да обезбеди финансирање за изградба на ѕидот.

Кога Трамп влезе во Белата куќа во јануари 2017 година, на границата со Мексико веќе имаше разни видови огради долги 1.000 километри.

За време на неговиот мандат, САД завршија со подигањето на ѕидот долг повеќе од 720 километри на границата долга 3.145 километри.

За изградба на ѕидот на границата со Мексико биле потрошени околу 25 милијарди долари за време на четиригодишниот мандат на Трамп, наведува Би-би-си.