Бајден оди во посета на Њујорк за да ја види штетата од урананот Ида

16

Претседателот на САД Џо Бајден денес ќе ги посети градовите Њујорк и Њу Џерси за да ја види штетата настаната од минатонеделниот ураган Ида, кој на истокот од САД усмрти најмалку 57 лица, додека четири се водат за исчезнати.

Бајден ќе го посети квартот Квинс во Њујорк и Менвил во Њу Џерси, соопшти Белата куќа. Тој ги одобри декларациите за катастрофата во Луизијана, која Ида ја погоди на 29 август, со ветрови со брзина од 240 километри на час и за Њујорк и Њу Џерси, кои се погодени од дожд и силни поплави кои умсртија десетици лица на североистокот.

Декларациите на Бајден за катастрофата ги квалификуваат државите за сојузна помош. Демократскиот претседател, кој се соочува со неколку кризи, вклучувајќи го и критичното повлекување од Авганистан и растот на смртноста од коронавирус, ја посети Луизијана во петок, каде има потврдено 13 загинати.

Њујорк потврди 17 загинати во Ида, со тоа што четири лица го загубиле животот во округот Вестчестер а сите останати во Њујорк. Во Њу Џерси има најмалку 27 потврдени загинати од невремето, додека четири лица се исчеснати, изјави портпаролот на гувернерот,. Една недела по ударот на Ида, јужните држави и понатаму се погодени од прекини со снабдувањето на електрична енергија, поплавени домови и нови закани од нови поплави.

Невремињата кои се во состојба да предизвикаат 5 до 8 центиметри дожд во краток временски период го погодија Њу Орлеанс и делови од Луизијана и Мисисипи и се очекуваше да продолжат и синоќа, изјави Лара Пагано, метеоролот од Националната метеоролошка слижба.

Ида, еден од најмоќните урагани кои некогаш го погодиле Мексиканскиот залив, донесе засташувачко уништување и го остави Њу Орлеанс без струја. Вчера речиси 480 илади луѓе од Луизијана останале без струја, според податоците од „PowerOutage“.

Американската Крајбрежна стража вели дека разгледува околу 350 пријави за излевање на нафта од Мексиканскиот залив после ударот на Ида, пишува Индекс.хр.