Бектеши: Не може да се случи недостиг на нафта и нафтени деривати

11

 

Политика на Владата е да ги следи санкциите што ги воведува Европската унија кон Русија, но недостиг на нафта и нафтени деривати не може да се случи по најновата одлука на Европската комисија да се забрани увоз на руско дизел гориво, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Одлуката да се забрани користење на руско дизел гориво нема да има големо влијание во државава. За санкциите и порано сме кажале дека владина политика е да ги следиме сите санкции кои ги носи Европската комисија и така најверојатно ќе продолжиме, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека очекуваат Министерството за надворешни работи да даде препорака до Владата за воведување санкции согласно одлуката на Европската комисија.

Тие 15 до 20 отсто можат да се покриваат и од други извори на снабдување. Не може да се случи недостиг на нафта и нафтени деривати. Сепак околу евентуалното зголемување на цената може да кажам дека нивната цена е берзанска, а Владата може да влијае само во делот на давачките – акциза, ДДВ и други давачки, прецизира Бектеши.

Согласно податоците од Регулаторната комисија за енергетика, како што кажа, во земјава во последните неколку години не повеќе од 20 отсто е користена нафта од руски рафинерии, главно од една компанија која има руски капитал, а другата е увезена од Хеленик петролеум, кој главно користи од туѓи извори.