Белорусија бира претседател

24

Со отворањето на повеќе од 5.700 избирачки места во Белорусија, денеска започна гласањето напретседателските избори во таа земја.

Како што објави Централната изборна комисија, право на глас имаат околу 6,8 милиони Белоруси. Набудувачите проценуваат дека шестите претседателски избори од независноста на Белорусија од поранешниот Советски сојуз ќе бидат обележани со голема излезност.

Покрај актуелниот претседател Александар Лукашенко, кој се обидува да освои шести мандат, кандидати се копретседател на движењето „Кажи ја вистината“, Андреј Дмитриев, поранешен член на долниот дом на парламентот, Ана Канопатска, домаќинката Светлана Циханувскаја и лидерот на белоруската Социјалдемократска партија Сергеј Черчен.

Циханувскаја е сопруга на познатиот блогер Сјархеј Цихануски кој требаше да го предизвика долгогодишниот белоруски претседател Александар Лукашенко, но во меѓувреме беше уапсен, а потоа и му беше забрането да собира потписи за да се кандидира за изборите. Изборната кампања ја одбележааапсења и притвори на опозициските политичари и активисти и непријавени протести.

Според многу проценки, денешните претседателски избори се најтешки за Лукашенко. Лукашенко кој има 65 години, е на власт од 1994 година.