Бесплатни ковид-тестови за туристи што ќе престојуваат во државата

12

Со мерката 7 од шестиот антиковид-пакет на Владата ќе бидат обезбедени бесплатни ковид-тестови за странски туристи што ќе престојуваат во државата.

Станува збор за 50.000 теста, вредни 30.750.000 денари, за бесплатно тестирање странски туристи со цел да ги запазат здравствените протоколи во државата како гаранција за туристите што ќе ја посетат нашата држава дека без дополнителни трошоци ќе бидат спремни да се вратат во земјата од каде што доаѓаат или да го продолжат своето патување во друга земја.