Бил Гејтс: Достапни вакцини против коронавирус не за оној што плаќа повеќе, туку за сите

24

Толку многу го „исплукаа“ ширум светот, и за вакцините и за чипирањето и за 5 Г мрежата, што за милијардерот и основач на Мајкрософт- Бил Гејтс веќе стана секојдневие. Но тоа ни од далеку не ги разнишна неговите ставови во поглед на вакцината против коронавирус.

Пред околу десетина дена, Гејтс апелираше лекови за Ковид-19 и потенцијална вакцина да бидат достапни на земјите и луѓето на кои им е најпотребна, а не на „оној што плаќа повеќе“, велејќи дека потпирањето на пазарните услови ќе ја продолжи смртоносната пандемија.

„Во моментов, се чини дека ниту една од вакцините што се прават не е доволна да заштити во единечна доза. Тоа беше надеж на самиот почеток. Можеби вакцините што ќе бидат направени подоцна ќе нè изненадат позитивно. Но, за сега, како што стојат работите, не. Кога станува збор за постарите лица, можеби ќе треба да примат повеќе од две дози “- рече тој во најновото интервју за една американска телвизија.

„Ако едноставно дозволиме лекови и вакцини да одат на оние кои плаќаат најмногу, наместо на луѓе и места каде што им се најпотребни, ќе имаме подолга, понеправедна и смртоносна пандемија“- додаде милијардерот.