Блескава партија на Морант, Мемфис израмни против Голден стејт (ВИДЕО)

0

Младата ѕвезда на Мемфис гризлис, Џа Морант со 47 поени го предводеше својот тим до победа против Голден стејт од 106-101 за израмнување на 1-1 во серијата, изедначи и Бостон со Миловки откако победи со убедливи 109-86.

Мемфис успеа да го добие вториот меч против Голден стејт и да изедначи на 1-1. Играч на вечерта беше Џа Морант кој речиси сам го однесе својот тим до победа.

Морант постигна 47 поени, имаше и по осум скока и осум асистенции. Стеф Кари постигна 27 поени, имаше девет скока и осум асистенции.

На 1-1 израмни и Бостон откако со убедливи 109-86 го победи актуелниот шампион, Милвоки.

Браун имаше одличен меч со 30 поени, а дури 17 од нив постигна во првата четвртина, одличен беше и Тејтум со 29 поени. Кај Милвоки, Адетокумбо постигна 28.

Резултати:

Бостон – Милвоки 109:86 (1-1)
Мемфис – Голден стејт 106:101 (1-1)