Борел: Мигрантите не може да бидат средство за преговарање

4

Владите на ЕУ денеска ќе разгледаат дали ќе обезбедат повеќе пари за бегалците од Турција, но нема да прифатат Турција да ги користи мигрантите како средство за преговарање, изјави денеска министерот за надворешни работи на ЕУ, Џозеф Борел.

Борел им рече на новинарите на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Загреб дека Турција има голем товар и ЕУ мора да го разбере тоа.

„Но, во исто време не можеме да прифатиме дека мигрантите се користат како средство за притисок“, рече Борел.

Турција минатата недела одлучи да не ги запира повеќе мигрантите што сакаат да преминат во земјите на ЕУ.