Британската мутација ја има во 111 земји, јужноафриканската во 58

16

За една недела, мутацијата на коронавирусот VOC 202012/01 која беше откриена во Велика Британија, е регистрирана во пет нови земји, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Со тоа, вкупниот број на земји каде циркулира овој сој е 111.

Ова мутација, како што покажуваат досегашните истражувања, е позаразна од првичниот коронавирус за дури 75 проценти и го зголемува ризикот од хоспитализација на заболените.

Кога станува збор за јужноафриканската мутација (501Y.V2), според податоците на СЗО, досега е регистрирана во 58 земји, а бразилската, пак, е распространета во 32.

Според податоците од статистичката веб-страница „Ворлдометар“, досега во светот се заразиле над 118 милиони луѓе. Бројот на смртни случаи е над 2,6 милиони, а на излекувани речиси 94 милиони.