Брозовиќ за 100 милиони евра во Ал Наср

4

Хрватскиот фудбалски репрезентативен Марсело Брозовиќ (30) до крајот на оваа недела ќе го официјализира трансферот од италијански Интер во саудиски Ал Наср и ќе биде нов соиграч на Португалецот Кристијано Роналдо.

Како што јавуваат голем број европски медиуми, Брозовиќ ќе потпише тригодишен договор. Интер ќе добие обесштетување од 23 милиони евра, додека Брозовиќ ќе заработува 30 милиони евра по сезона, а ќе добие и дополнителни десет милиони евра за потпис на договорот.

За услугите на хрватскиот репрезентативец беше заинтересирана и Барселона, но шпанскиот клуб соопшти дека не можел „финансиски да биде конкурентен“ на саудиската понуда.