Бројот на загинати во земјотресот во Албанија се искачи на шест

7

Земјотресот со јачина од 6,4 степени што ја погоди Албанија, уништи згради и остави луѓето заробени под урнатините.

Најмалку шест лица починале. Еден човек почина откако скокна од прозорецот во паника, потврди портпаролката на Министерството за одбрана. Повредени се околу 150 луѓе.

Земјотресот се случи на 34 км северозападно од главниот град Тирана, рано во вторникот наутро.

Се чувствуваше низ целиот регион, во Италија, па дури и во српскиот град Нови Сад, оддалечен скоро 700 км.

Работниците за итни случаи им рекоа на албанските медиуми дека една од загинатите е една постара жена која успеала да го спаси внукот штитејќи го со своето тело.

Портпаролката на Министерството за одбрана потврди дека пожарникарите и армискиот персонал им помагале на жителите заробени под урнатините во крајбрежниот град Драч, каде тројца загинаа.

Двајца од загинатите се во градот Тумане, 40 км на северозападниот дел на Тирана и близу до епицентарот на земјотресот. Пстои стравување дека многунима се заробени под урнатините.