Бројот на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 258, посебни мерки воведоа САД

25

Бројот на заразените во Кина од коронавирусот во саботата по локално време се зголемил на повеќе 11.100 пациенти, а починале 258 луѓе, пренесуваат кинеските медиуми.

Дваесет и часа претходно, во петокот утрото по локално време, национаниот Комитет за хугиена и здравствена заштита, информираше за 9.692 заразени и 212 починати.

Зголемување на заразените има и надвор од Кина. Во Германија достигнал до седум, а САД воведоа посебни мерки.