Бугарија избира нова влада

19

Бугарското Народно собрание денеска ќе одржи вонредна седница на која треба да се избере новата редовна влада на Бугарија.

Седницата ја свика претседателот на Собранието Никола Минчев по барање на пратениците.

Вонредната собраниска седница и избрзаната процедура за избор на новата влада се одржаа откако бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот на кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков, а тој веднаш ја врати папката со имињата на идните министри.

„Продолжуваме со промените”, „Бугарската социјалистичка партија”, „Има таков народ” и „Демократска Бугарија“ има повеќе од потребните 121 глас во 240-чениот парламент на Бугарија.

Нивните пратеници се 134, што е над потребното мнозинство за да може да се избере новиот владин кабинет на Бугарија.

Ова ќе биде 21 влада од 1990 година, а владата на премиерот Кирил Петков ја сочинуваат 21 министер, меѓу кои и пет вицепремиери.